Велики Преслав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велики Преслав (бугарски: Велики Преслав) — град во Источна Бугарија и претставува административен центар на општина Велики Преслав. До 1993 година се вика Преслав и во историјата е познат како втора престолнина на Бугарија меѓу 893-972 г. Во градот се наоѓа археолошки музеј и тврдина. Особено голем процвет достигнува во времето на ханот Омуртаг како воен лагер со гарнизон.
Денес градот брои околу 9.000 жители.
Remove ads
Историја
Царот Симеон Велики ја преместил престолнината од Плиска во Преслав. Во градот настанал т.н. „златен век“ на бугарската култура. Се развиле најмногу литературата, архитектурата и уметноста. Биле изградени голем број христијански храмови, а престолнината била направена по урнек на Цариград. Од Плиска во Преслав била преместена и Преславската книжевна школа.
Личности поврзани со Преслав
- цар Симеон I (893-927)
- цар Петар I (927-969)
- цар Борис II (969-971)
- цар Роман (978-991)
- цар Пресијан II 1018
- цар Петар II (1040-1041)
- цар Петар III (1072)
- Наум Охридски
- Константин Презвитер
- Црноризец Храбар
- Јован Егзарх
- Презвитер Козма
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads