Престолнина на модата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Престолнина на модата
Remove ads

Моден град е градот каде што модната индустрија има релевантна и значајна позиција во локалната економија. Производството и извозот на добра, како и модните настани - модни недели, саеми и доделување на награди, ја подобруваат економијата и го покажуваат годишниот приход и позитивно влијае на другите сектори, како на пример секторот за услуги. Покрај економската моќ, во модниот град има активна забава и културна сцена кои ги привлекуваат туристите и потрошувашите, не само поради модата, туку и поради разновидноста на слободните активности. Модниот град треба да биде предмет на инспирација за професионалците кои живеат таму, со активна, јасна, силна и единствена субкултура од која можат да се инспирираат на само професионалците во модата, туку и луѓето во градот претворајќи го уличниот стил и уличната култура во важна одлика. Мешањето на модата, бизнисот, забавата, културата и слободните активности го прават градот привлечен и меѓународно признат како моден центар со свој единствен и силен идентитет, разликувајќи се во одредени одлики.

Thumb
Escada Sport на Берлинската модна недела пролет / лето 2013 година
Remove ads

Главни градови на модата

Денес, Њуjорк и Милано се сметаат за економски и медиумски престолнини на модата во светот. Според Глобалниот Јазичен Монитор , Њуjорк се наоѓа на првото место пет последователни години, но сепак во 2009 година беше поразен од Милано. Модата во овие градови сè повеќе се концентрира на економијата и медиумскиот успех, отколку на убавината и елеганцијата. И двата града имаат долга традиција на совршеност и креативност во дизајнот (особено Милано кој е дом на едни од најпознатите модни уметници во светот, како што се Версаче, Армани, Долче и Габана и многу други) и долги години претставувале значајни историски центри на уметнчкиот моден дизајн. Модaта во Милано се смета за практична, но во исто време елегантна и многу префинета, концентрирајќи се повеќе на модерната конфекциска облека, отколку на скапата облека од високата мода. Слична ваква е и модата во Њуjорк. Меѓутоа, и двата града имаат првокласна висока мода и трговски центри од високата мода. Од не економски гледна точка, Париз и Лондон се сметаат за симболични модни центри во Европа поради долготрајната историја како центри на уметноста и модата и како дом на неколку високо престижни модни куќи. Сепак, според Глобалниот Јазичен Монитор се поразени од поуспешните економски градови како Њуjорк и Милано. Иако овие градови се многу успешни и имаат добар меѓународен углед во светот, повеќе се познати по престижот и елеганцијата на модните дизајни отколку по економскиот успех. ( модните творци во Лондон се познати по нивната претерана ексцентричност, додека пак Париските дизајнери се познати по нивната елегантна и формална облека ). Други главни центри на модата во светот се Лос Анџелес, Рим, Сиднеј, Токио, Барселона, Лас Вегас, Торонто, Шангај и Дубаи. Меѓутоа, во последните години се зголеми значењето на модната индустрија во многу градови во светот како што се Чикаго, Саун Пауло и Сиднеј.

Remove ads

Ранг список на модни градови

Remove ads

Региони

Глобалниот Јазичен Монитор во 2009 година ги опиша овие водечки модни градови во нивните одделни региони.

- Азија и Океанија: Хонгконг, Сиднеј, Токио, Шангај, Бангкок.

- Европа: Милано, Париз, Рим, Лондон, Барселона, Берлин, Мадрид, Стокхлом, Копенхаген и Амстердам.

- Индија: Мумбај и Њу Делхи.

- Латинска Америка: Саун Пауло, Рио де Жанеиро, Сантјаго, Буенос Аирес и Мексико.

- Средна и Источна Европа: Москва, Краков и Прага.

- Среден Исток и Африка: Бејрут, Дубаи, Јоханесбург и Кејптаун.

- Северна Америка: Њуjорк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Мајами, Далас, Торонто, Монтреал и Атланта.

Глобалниот Јазичен Монитор во 2008 година ги опиша овие воде~ки модни градови во нивните одделни региони.

- Азија и Океанија: Сиднеј, Токио, Хонгконг, Шангај, Сингапур, Бусан и Бангкок.

- Европа: Рим, Париз, Милано, Лондон, Берлин, Мадрид, Стокхлом, Барселона и Копенхаген.

- Индија: Мумбај и Њу Делхи

- Латинска Америка: Саун Пауло, Сантјаго, Буенос Аирес и Рио де Жанеиро.

- Средна и Источна Европа: Москва, Краков и Прага.

- Среден Исток и Африка: Дубаи, Јоханесбург и Кејптаун

- Северна Америка: Њуjoрк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Мајами, Торонто и Монтреaл

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads