Амстердам

главен град на Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia

Амстердамmap
Remove ads

Амстердам (холандски: Amsterdam) — главен[б 1] и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од 921,402 жители[5], урбана население од 1,457,018 жители[6], додека на територијата на областа Амстердам живеат 2,480,394 жители[7]. Градот се наоѓа во покраината Северна Холандија[8][9]. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во Европа која има население од околу 7 милиони жители.

Кратки факти Амстердам Amsterdam, Земја ...

Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел[10]. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандскиот златен век, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата.[11] Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19 и 20 век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија.[12] Каналите во Амстердам кои потекнуваат од XVII век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО во јули 2010 година.[13]

Берзата на Амстердам, основана во 1602 година, се смета за најстарата „соврермена“ берза на пазарот на хартии од вредност во светот[14]. Како комерцијален главен град на Холандија и еден од врвните финансиски центри во Европа, Амстердам се смета за алфа светски град. Градот е културен главен град на Холандија. Многу големи холандски институции имаат свое седиште во градот[15]. Многу од најголемите светски компании се базирани овде или имаат основано своето европско седиште во градот, како што се технолошките компании Uber, Netflix и Tesla[16]. Во 2022 година, Амстердам бил рангиран како деветти најдобар град за живеење од страна на Economist Intelligence Unit[17] и 12-ти по квалитет на живеење за животна средина и инфраструктура од страна на Mercer.[18] Градот бил рангиран на 4-то место на глобално ниво како врвен технолошки центар во 2019 година.[19] Амстердамското пристаниште е петто по големина во Европа.[20] Центарот KLM и главниот аеродром во Амстердам, Шипхол, е најпрометниот аеродром во Холандија, трет во Европа и 11-ти во светот.[21] Холандскиот главен град е еден од најмултикултурните градови во светот, со околу 180 застапени националности[22] . Имиграцијата и етничката сегрегација во Амстердам е актуелно прашање[23]

Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, Државниот музеј (Rijksmuseum), Музејот на Ван Гог, куќата на Ана Франк, музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, како и бројните кафетерии каде се консумира канабис, годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана.

Remove ads

Историја

Првите евидентирани податоци за употребата на името „Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот Флорис V[24][25]. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката Амстел.[26] До 1327 година името преминало во Амстердам.[27][28]. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, Ротердам и Утрехт. Во октомври 2008 година, историчарот Крис де Бонт изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на X век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејќи можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво.

Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306 година[29]. Од XIV век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од сојузот со Ханза. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за поклонение сè до прифаќањето на протестанстската вера[30][31]. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека „Стиле Омганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на поклонението.

Во XVI век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот крал Филип II и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на протестантите од страна на шпанските инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија[32]. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на водачот на холандската буна Вилем Молчеливиот. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел, како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од Шпанија, нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направиле Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат..[33]

Remove ads

Географија

Thumb
Сателитска слика од градот, 2020 година

Амстердам е дел од покраината Северна Холандија и се наоѓа во западниот дел на Холандија, во близина на областите Утрехт и Флеволанд. Реката Амстел минува низ центарот на градот и е поврзана со голем број канали кои на крајот завршуваат во заливот познат како IJ. Амстердам е два метри под нивото на морето.[3] Земјиштето кое го опкружува е рамно и се состои од големи полдери (земјиште составено од песок или друг материјал кој е опколен со вода). Југозападно од градот се наоѓа вештачка шума наречена Амстердамсе Бос Amsterdamse Bos. Амстердам е поврзан со Северното Море преку долг канал.

Градот Амстердам, како и општината со исто име се густо населени и урбанизирани. На површина од 219,4 км2, во градот живеат 4,457 жители на еден километар квадратен, а бројот на куќите на еден километар квадратен изнесува 2,275.[34] Парковите и природните резервати зафаќаат 12% од површината на Амстердам.[35]

Remove ads

Клима

Амстерам има океанска клима,[36] како резултат на близината на Северното Море на запад и преовладувачките западни ветрови. Амстердам и поголемиот дел од покраината Северна Холандија спаѓаат во климатската зона 8б, што и воедно е најсеверна климатска зона во делот на Европа каде има континентална клима. До појава на мраз доаѓа единствено доколку дуваат ветрови од источни или североисточни ветрови од внатрешноста на Европа. Дури и во тој случај, температурата ноќе ретко паѓа под 5 степени целзиусови, додека во Хилверсум, кој се наоѓа 25 километри југоисточно, температурата може да падне и до -12 степени целзиусови. Летата се умерено топли, и многу ретко се случува да бидат претопли. Дневните температури во просек се движат од 22,1 до 30 степени целзиусови, при што Амстердам спаѓа во топлотната зона 2. Најголемите разлики во температурата изнесуваат од -19 до +36,8 степени целзиусови.[37][38]

Во Амстердам има околу 187 врнежливи денови во текот на една година[39]. Годишното ниво на врнежи во Амстердам изнесува 915 милиметри кубни на метар квадратен. Поголемиот дел од врнежите паѓа во вид на лесен дожд или кратки но силни врнежи. Облачните денови се честа гледка во периодот од октомври до март.

Повеќе информации Климатски податоци за Аеродром Амстердам, Месец ...
Remove ads

Демографија

Thumb
Број на население на Амстердам, 2022 година

Историски податоци

Повеќе информации Година, Нас. ...
Повеќе информации Година, Нас. ...

Амстердам има 921,402 жители жители. На 1 јануари 2011 година, етничкиот состав во Амстердам изнесувал 49,7% холандско население и 50, 3% странци. Во 16-от и 17 од век имигрантите биле Фламанци, Евреи Сефарди, Вестфалијци и Хугеноти. Хугенотите дошле по указот од Фонтенбло, во 1685 година, додека Фламанските протестанти дошле за време на осумдесетгодишната војна. Вестфалијанците дошле во Амстердам највеќе од економски причини, а нивниот прилив продолжил и во 18-от и XIX век. Пред почетокот на Втората светска војна 10% од населението било еврејско. [44]

Првата масовна имиграција во XX век била изведена од луѓе од Индонезија, кои дошле во Амстердам по осамостојувањето на холандските Источни Инди во 1940-те и 50-те години. Во 1960-те години гастарбајтери од Турција, Мароко, Италија и Шпанија емигрирале во Амстердам. По осамостојувањето на Суринам, голем број Суринамци дошле во Амстердам и се сместиле во Бајмар областа. Други имигранти, во кои спаѓаат и бегалци-азиланти и нелегални имигранти доаѓаат од Европа, Америка, Азија и Африка. Во 1970-те и 80-те години, голем број од „старите „Холанѓани“ се преселиле во нови градови како Алмер и Пурмеренд, поттикнати од третата планолошка сметка на холандската влада. Со тоа се промовирала субурбанизацијата и се овозможува развој на гроеикернен или буквално јадрото на растот. Млади професионалци и уметници се населиле во населбите де Пајп и Јордан кои овие Амстердамци ги напуштиле. Незападните имигранти се населиле во социјалните станбени проекти во западниот дел на Амстердам и Биијлмер. Денес луѓето кои немаат западно потекло сочинуваат околу една третина од населението во Амстердам, од кои 50% се деца.[45][46][47]

Најголемата религиска група е христијанската (28% во 2000 година), кои се делат на Римокатолици и Протестанти.

Повеќе информации Земја или територија, Население ...

Следната религија по број е исламот (8%), чии поголем дел од следбениците се сунити.[49][50] Во 1578 година претходно римокатоличкиот град Амстердам се приклучил на бунтот против Шпанското владеење[51], што е прилично доцна во споредба со другите поголеми северни градови во Холандија.[52] Во согласност со протестантската процедура за тоа време, сите цркви биле преобратени во протестантски.[53] Калвинизмот станал доминантна религија и иако католицизмот не бил забранет, а на свештениците им било дозволено да држат миси, сепак била забранете католичката хиерархија.[54] Ова довело до формирање на (schuilkerken), тајни цркви кои се наоѓале зад навидум обичната предна страна на куќите до каналите. Таков пример е моменталниот предмет на дебата – Роде Хоед.

Во XVII век во Амстердам дошло до голем прилив на доселеници од сите религии, а особено евреи од Шпанија и Португалија[55][56], Хугеноти од Франција[57] и протестанти од јужните делови на Холандија[58]. Тоа довело до формирање на голем број цркви во кои не се вршеле служби на холандски јазик. Во 1603 година било направено првото известување од страна на еврејската верска служба. Во 1639 била осветена првата синагога..[59] Евреите почнале да го викаат градот Ерусалим на Западот поради нивното чувство на припадност.[60]

Кога се етаблирале во градот, другите христијански деноминации ги користеле преобратените католички капели за одржување на миси.[61] Најстарата црква каде се служи на англиски јазик а се наоѓа надвор од границите на Обединетото кралство е во Бегинјхоф. Таму сѐ уште се држат редовни миси на англиски јазик под покровителство на шкотската црква. Хугенотите броеле околу 20% од жителите на Амстердам во 1700 година. Бидејќи биле калвинисти, тие набрзо се преобратиле во реформите на Холандската црква, иако голем дел од нив останале на својата вера. Некои од нив кои денес се препознатливи по прекарот Валонци сѐ уште држат проповеди на француски јазик.

Во втората половина на XVII век, во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од средна и источна Европа, што продолжува сè до XIX век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и Триесетгодишната војна. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина јидишки локални зборови.[62]

Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи претпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Јоденбрестат (Jodenbreestraat). Ова маало го сочинуваат и Ватерлоплеин и Новмаркт.[62][63] Градбите од ова маало биле уништени во Втората светска војна,[64] а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница..[65][66] Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред.[67]

Thumb
Цркватс Вестеркерк

Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година[68]. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа протестантскиот крал Вилијам III да одбие да го отвори тој „манастир“.[69][70]

Во 1924 година Римокатоличката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам,[71] на кој присуствувале бројни католички архијереи и притоа го посетиле градот, каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености.[72][73] Сепак во тоа време сѐ уште биле забранети католичките поворки по улиците. Во XX век односот на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала[74], но и покрај сè поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град Харлем.[75]

Во последно време, верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од Суринам[76] го вовеле Евангелскиот протестанизам и лутеранството,[77] хиндуизмот е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Denes исламот е најбројната нехристијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од Гана и Нигерија создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа Бајмар каде многу од нив живеат[78]. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример Будизамот, конфуцијанството и хиндуизмот[79].

И покрај изреката „Живеј и остави да живеат„ која накратко ги опишува Холанѓаните и посебно отвореното и толерантно општество на Амстердам, сепак зголемениот прилив на луѓе од различни раси и религии, по завршувањето на Втората светска војна во неколку случаи ги нарушило општествените односи. Собирајки луѓе од 176 различни, Амстердам е дом на една од најголемите варијации на националности во кој било друг град во светот. Имигрантите денес сочинуваат околу 52% од населението во Амстердам.

Remove ads

Градски пејзаж и архитектура

Thumb
Поглед на центарот на градот гледа југозападно од Остердоскаде
Thumb
Слика од 1538 година на Корнелис Антонис што прикажува поглед од птичја перспектива на Амстердам.

Амстердам започнува да се шири од Централната Железничка станица. Главната улица се нарекува Дамрак и таа води кон улицата Рокин. Најстарата област на градот се нарекува де Вален. Таа се наоѓа источно од улицата Дамрак и во неа се наоѓа познатата „подрачје на црвени фенери“. Јужно од оваа област се наоѓа стариот еврејски кварт, Батерлоплеин (Waterlooplein).

Каналите на Амстердам кои потекнуваат од XVII век го обвиткуваат центарот на градот каде куќите на нивната предна страна имаат куќи. Од другата страна на каналите се наоѓаат поранешните работнички квартови Јордаан и Пијп. Областа каде се наоѓаат најголемите музеи. Вонделпарк е парк од XIX век кој е именуван по познатиот холандски писател Јост ван ден Вондел, а тука се наоѓа и населбата Плантаге и зоолошката градина на градот Амстердам.

Неколку делови од градот и нивната околина се составени од полдери. Тоа е препознатливо по наставката -мер, што всушност значи езеро во имињата на Алсеер, Биџмемер, Харлемер и Ватерграфсмер.

Канали

Thumb
Рокин – ноември 1977 година

Системот на канали во Амстердам е резултат на совесно урбано планирање.[80] Во почетокот на XVII век, кога имиграцијата ја достигнала својата кулминација бил усвоен сеопфатен план, кој се засновал на 4 канали во форма на концентрични полукругови чии краеви се поврзувале кај заливот ИЈ. Познати како Грахтенгордел, три од каналите служеле за општа употреба и развој, Херенграхт како канал на лордовите, Каизерсграхт како канал на кралот, Принцесграхт како канал на принцот.[81] Четвртиот канал познат како Зингелсграхт не е споменат на повеќето од мапите, бидејќи тоа име се употребува за сите надворешни канали. Зингелсграхт не треба да се помеша со најстариот канал кој се наоѓа во центарот на градот Зингел.

Thumb
Херенграхт

Каналите се употребувале за одбрана, превоз и управување со водата. Одбраната се одвивала на тој начин што каналите имале форма на ровови и имало мостови на премините преку каналите, но немало поголеми градежни објекти.[82] Изворните планови се изгубени, па историчарите како Ед Таверне мораат да шпекулираат за првобитните намери- „Се смета дека нивната цел била практична, а не украсна“.[83]

Изградбата започнала во 1613 година во правец од запад кон исток, по целата ширина, во вид на огромен брисач, како што го нарекува историчарот Герт Мак, а не од центарот нанадвор како што кажува познатиот мит. Изградбата на каналот во јужниот дел била завршена во 1656 година. Процесот на изградба на живеалишта се одвивал бавно. Источниот дел од каналот, кој требало да ги покрива териториите меѓу реката Амстел и заливот ИЈ никогаш не бил изграден.[84] Во времето што следувало, овој дел бил искористен за изградба на старечки домови, тетри, други знаменитости и паркови. Со текот на времето, од неколку канали биле направени улици и плоштади.[85]

Развој на градот Амстердам

По развојот на каналите во XVII век, границите на градот Амстердам останале непроменети цели двавекови. За време на XIX век, Семјуел Сарфати изготвил план за развој на градот врз основа на величественоста на Париз и Лондон во тоа време. Планот предвидувал изградба на нови куќи, јавни згради и улици во населбата Грахтенгордел. Главната цел на овој план била да се подобри јавното здравје на населението. Иако овој план не помогнал во развојот на градот, сепак со неговото исполнување се добиени најголемите јавни градби во Амстердам како што е Палеис фор Фолксвајт (Paleis voor Volksviijt).[86][87][88]

По стапките на Сарфати, Ван Нифтник проектирал цел круг населби од XIX век кои го опкружувале центарот на градот. Во тоа време градот го поседувал целото земјиште од XVII век натаму со што го контролирал развојот.[89] Поголемиот дел од овие населби станале место за живеење на работничката класа.[90]

За да се спречи пренатрупаноста,на почетокот на XX век биле изготвени 2 плана кои се разликувале од се дотогаш видено во Амстердам: Планот Зуид, (Амстердам Југ) кој бил проектиран од страна на архитектот Берлаџ и планот Запад. Овие проекти предвидувале изградба на нови населби со живеалишта за сите општествени слоеви.[91][92]

По завршувањето на Втората светска војна во западните, југоиисточните и северните делови на градот биле изградени нови големи населби. Овие нови населби биле изградени со цел да се надмине недостатокот од простор за живеење и населението да добие конфорни и достапни куќи и живеалишта. Населбите се состоеле од големи станбени блокови меѓу кои се наоѓале паркови, а истите биле поврзани со широки улици, што овозможило движење на моторни возила. Западните предградија на градот се нарекуваат (Westelijke Tuinsteden). Областа која се наоѓа југоисточно од градот се вика Бајмар.[93][94]

Архитектура

Thumb
Кралска палата во Амстердам, на архитектите Јакоб ван Кампен и Даниел Сталперт е карактеристична за холандска барокна архитектура.

Амстердам има богата архитектонска историја. Најстарата градба во Амстердам е Старата Црква која се наоѓа во срцето на Валлен и која била осветена во 1306 година.[95] Најстарата градба изработена од дрво е Хутен Хус во Бехајнхоф.[96] Таа била изградена околу 1425 година и е една од вкупно 2-те останати дрвени куќи. Таа исто така претставува еден од примерите за готската архитектура во Амстердам.

Во текот на XVI век, дрвените куќи биле срушени и нив ги замениле куќите изработени од цигли. За време на овој период многу градби се изработувале во стилот ренесанса. Градбите од овој период се препознатливи по нивната фасада со кука на предниот дел што е белег на холандскиот ренесансен стил. За многу кратко време, градот Амстердам развил свој ренесансен стил во архитектурата. Овие градби биле градени по принципите на архитектот Хендрик де Кејзер.[97] Еден од највпечатливите објекти проектирани од страна на Кејзер е Западната Црква. Во XVII век барокната архитектура станала многу позната, а позната била и насекаде во Европа. Тоа приближно се совпаднало со Златната Ера на градот Амстердам. Најпознати архитекти од времето на барокот биле Јакоб ван Кампен, Филип Вингбонс, Данил Сталперт.[98]

Во почетокот на XX век архитектот на т.н. „Амстердамска школа“, Филип Вигбонс проектирал прекрасни куќи за трговците. Најпознатата градба во барокен стил во Амстердам, како што е Кралски дворец која се наоѓа на главниот плоштад Дам. Во текот на XVIII век, Амстердам бил под силно влијание на француската култура, што е отсликано во архитектурата од тој период. Околу 1815 година, архитектите престанале да го практикуваат барокниот стил и почнале да проектираат градби од нов тип. Повеќето градби од тој период се со готска архитектура, па затоа се зборува дека тие се градени во нов-готски стил.

На крајот на XIX век познат станал Новиот стил или Арт Новау, па токму затоа голем број градби биле изградени токму во овој стил. Бидејќи градот се ширел многу брзо за време на овој период, новите градби во центарот на градот биле градени во истиот стил. Новите куќи во близина на Плоштадот на музеите во стариот јужен дел претставуваат примери за Новиот Стил. Ар деко бил стил кој бил познат во градбите во Амстердам пред појавата на стилот на новата ера. Амстердам имал своја верзија на овој стил во архитектурата кој бил позната како Амстердамската школа. Биле градени цели области во овој стил. Таква област е Ривиеренбурт (Rivierenbuurt). Забележлива одлика на градбите од Амстердамската Школа е дека нивните фасади имале многу раскошни декорации и врати и прозорци со чудна форма.

Стариот центар на градот претставува фокусна точка на сите архитектонски стилови пред крајот на XIX век. Градби од новиот стил и стилот Георгијан главно може да се видат во населбите од почетокот на XX век кои се наоѓаат надвор од центарот на градот, иако има и впечатливи примери кои се наоѓаат во центарот на градот. Повеќето историски градби во центарот на градот се куќи, како што се куќите на познатите трговци кои се наредени по должината на каналите.

Remove ads

Поделба

Раководењето со општините во Амстердам е поделено на 15 области или Стадесплеин (Stadesdelen)- централниот дел кој е опкружен со Западниот парк, Бос ен Ломер, Де Барсјес, Стар запад, Стар Југ, Исток/Ватерхраафтсмер Исток/Ватерхрафтсмер, Зебурх (Zeeburg), Амстердам Север (Amsterdam Noord), и 6 надворешни области (Вестпорт, Хеузенвел-Слотермер, Осдорп, Слотерварт, Јуженамстел, Југоисток). На 1 мај 2010 година бројот на области е намален на 8 (Центар, Север, Југ, Запад, Нов-Запад, Југоисток, Вестпорт).

Remove ads

Политика

Осумте области на Амстердам најчесто се разбираат како да се однесуваат за општината Амстердам. Сепак, некои делови од општината како на пример селото Дургердам не се сметаат за дел од Амстердам[48]. Статистички гледано се употребуваат три дефиниции за Амстердам: Метрополитен Амстердам, Областа Амстердам и урбаниот регион (општина Амстердам). Овие дефиниции не се совпаѓаат со термините урбана област и метрополитска област кои се употребуваат во земјите каде се говори англискиот јазик. Во одделот за истражување и статистика во Амстердам се употребува и четврта дефиниција, односно градскиот регион Амстердам. Оваа област е слична со Областа Амстердам но во неа спаѓаат и општините Занстад и Вормерланд, додека во неа не спаѓа Храфт-Де Рајп.

Најмалата површина меѓу гореспоменатите има општината која броела 870,000 жители во 2021 година.[99]. Областа метрополитен имала 1 021 870 жители во 2006 година. Во неа спаѓаат повеќе општини заедно со општината Амстердам. Областа Амстердам има 15 општини и брои 1,400,000 жители[99] според пописот во 2011 година. Иако е поголема по површина, бројот на населението е само малку поголем во неа, бидејќи по дефиниција во неа не спаѓа релативно бројната по жители општина Заанстанд. Област со најголем број на жители е областа Амстердам метрополитен која има 2,33 милиони жители.[100]. Во неа спаѓаат Занстад, Вормервер, Мауден, Абкуде, Харлем, Алмере и Лелистад но во неа не спаѓа Храфт-Де рајп.

Амстердам спаѓа во метрополитен областа Рандстанд и има вкупно население од 6,659,300 жители.[4]

Градски власти

Thumb
Нселби во Амстердам

Како и сите холандски општини, Амстердам го управуваат градоначалник, општински совет и владини субјекти[101]. Сепак, за разлика од другите холандски општини, Амстердам е поделен на 7 области, систем кој бил спроведен во 1980-те години со цел да се подобри локалното управување. Денес областите се одговорни за многу активности кои претходно биле одговорност на градот. Првично градот бил поделен на 15 области. 14 од нив имале свој совет кој се бирал на избори. 15-от Вестпорт кој е најблиску до пристаништето во Амстердам, имал мал број на жители и бил воден од централниот општински совет. Локалните одлуки се спроведуваат на ниво на областа, а само работите кои го засегнуваат целиот град, како што сè поголеми инфраструктурни проекти и слично ги води централниот градски совет.

Remove ads

Национална влада

Thumb
Вилем-Александар Холандски и Максима Холандска ги поздравуваат жителите на Амстердам од Кралската палата за време на инаугурацијата на Вилем-Александар во 2013 година

Амстердам е главен град на Холандија во техничка правна смисла. Денешниот устав на Холандија го споменува Амстердам како главен град на само едно место-,глава 2, член 32: Инаугурацијата и крунисувањето на кралот се врши во Амстердам-главниот град.[102] Претходните устави го споменувале само како градот Амстердам, без спомнување на главен град[103]. Сепак, седиштето на владата, собранието и врховниот суд на Холандија е (и секогаш бил, со исклучок на еден краток период од 1808 и 1810 година) сместен во Хаг. Странските амбасади исто така се наоѓаат во Хаг. Главниот град на Северна Холандија е Харлем.

Симболи

Грбот на Амстердам е составен од неколку историски елементи. Во средината на грбот се наоѓаат три крстови на Св. Андреј кои се поредени вертикално. Овие крстови може исто така да се видат и на ознаките на населбите Амстелвен и Оудер–Амстел. Тој дел од грбот на Амстердам се наоѓа и на знамето на градот Амстердам, кое е избрано од страна на градските власти, но и на цивилните бродови кои се регистрирани во Амстердам. Вториот симбол е Австриската кралска круна. Во 1489 година, како знак на благодарност за помошта и заемите кои ги добил, Максимилијан I му дозволил на Амстердам да ја употреби кралската круна на грбот на градот. Во 1508 година таа била заменета со круната на Максимилијан, откако тој бил крунисан како свет римски цар. На почетокот од 17 век, круната на Максимилијан која се наоѓала на грбот на Амстердам била повторно променета, овој пат со круната на царот Рудолф II, која станала царска круна на Австрија. Лавот потекнува од XVI век, кога градот и областа станале дел од „Република на седум обединети Холандии“. Последно е усвоено официјалното мото на градот- херојски, одлучни, милосливи, кое кралицата Вилхелма му го подарила на градот во 1947 година за да ја награди храброста на градот во Втората светска војна.

Remove ads

Стопанство

Thumb
Амстердамска Берза, најстарата бберза во светот
Thumb
Зуидас, бизнис регион во градот

Областа Зуидас е главната бизнис област во Амстердам[104] и таа сѐ уште е во голема мера во изградба. Голем број Холандски и мулти-национални компании имаат свое седиште во Амстердам, како што се АБН Амро и Акзо Нобел.

Амстердам е главен финансиски и бизнис центар на Холандија.[105] Амстердам во моментов спаѓа во најдобрите Европски градови каде може да основате меѓународен бизнис. Тој е на петто место во оваа категорија и него го надминуваат само – Лондон, Париз, Франкфурт и Барселона.[106] Голем дел од големите коорпорации имаат свое седиште во Амстердам. Тука спаѓаат: Кралската банка на Шкотска, AkzoNobel, Heineken International, ING Group, ABN AMRO, TomTom, Delta Lloyd Group, Booking.com and Philips. КПМГ интернационал има свое седиште во близина на Амстердам, поточно во Амстелвеен, каде и многу други интернационални компании имаат свои седишта и можат да уживаат полна правна сопственост на земјиштето за разлика од можноста да се изнајми земјиште во Амстердам.

Иако голем број мали компании сѐ уште се имаат свои канцеларии во близина на старите канали, сепак сè поголем број компании се преселуваат надвор од центарот на градот. Зуидас стана новиот финансиски и правен центар. Петте најголеми фирми во Холандија и голем број холандски подружници на консултантските фирми како што се Бостон Консалтинг груп и Accenture како и светскиот трговски центар Амстердам се наоѓаат во Зуидас.

Постојат и други 3 помали финансиски области во Амстердам. Првиот е областа која го опкружува центарот околу главната железничка станица во Амстердам-Слотердајк, каде се сместени неколку канцеларии на познатите новински агенции како Де Телеграаф. Тука исто така се наоѓаат канцелариите на компанијата на општински јавен превоз и Даночната канцеларија на Холандија. Втората финансиска област е областа која ја опкружува Амстердамската Арена (стадионот). Третата област е областа во близина на железничката станица Амстел. Таму се наоѓаат највисоката кула во Амстердам – кулата Рембрант[107], како и седиштето на компанијата Филипс.[108]

Берзата на Амстердам (АЕХ) која денеска е дел од Еуронекст, е најстара берза во светот и воедно е една од најголемите берзи во Европа. Таа се наоѓа во близина на плоштадот Дам во центарот на градот.

Туризам

Thumb
Чамци прават обиколки низ градот, како што е овој пред EYE Film Institute Netherlands.
Thumb
Spiegelgracht

Де Вален, најголемото подрачје на црвени фенери во Амстердам претставува голема туристичка атракција. Амстердам е една од најпопуларните туристички одредишта во Европа, која годишно има повеќе од 5,34 милиони интернационални туристи[109], без притоа да бидат пресметани повеќе од 16 милиони дневни посетители на Амстердам на годишно ниво. Бројот на посетители сè повеќе се зголемува изминатава декада. Тоа може да се припише на сè поголемиот број европски посетители. Две третини од хотелите се наоѓаат во центарот на градот. Хотелите со четири или пет ѕвезди учествуваат со 42% од вкупните достапни легла и 41% од ноќевањата во Амстердам. Стапката на зафатеност на собите изнесувала 85% во 2017 година, од 78% во 2006 година[110][111]. Најголемиот дел од туристите (74%) потекнуваат од Европа. Најголемата група неевропски посетители доаѓаат од Соединетите Американски Држави, со 14% од вкупниот број.[111] Одредени години имаат тема во Амстердам да привлечат дополнителни туристи. На пример, 2006 година била означена како „Рембрант 400“, за да се прослави 400-тиот роденден на Рембрант ван Рајн. Некои хотели нудат посебни аранжмани или активности во текот на овие години. Просечниот број на гости годишно кои престојуваат на четирите кампови низ градот се движи од 12.000 до 65,000 гости.

Thumb
Де Валлен, амстердамскиот кварт на црвените фенери нуди активности како што се легална проституција и голем број кафетерии кои продаваат канабис. Таа е една од главните туристички атракции.[112]

Де Валлен или уште позната како Walletjes и Rosse Buurt, е одредена област во која проституцијата е легализирана и воедно е најголема и најпозататото подрачје на црвени фенери во Амстердам. Оваа населба со текот на времето станала една од најпознатите туристички атракции. Таа се состои од мрежа на улици кои се мегусебно поврзани и на кои има неколку стотини мали еднособни станови кои се изнајмуваат од сексуални работнички кои нудат сексуални услуги на тој начин што седат пред стаклениот излог на просторијата која најчесто е осветлена со црвено светло.

Во 2023 година, градот започнал да води кампања за да ги одврати Британците на возраст меѓу 18 и 35 години да доаѓаат во градот како туристи. Рекламата покажува млади мажи на кои полицијата им става лисици и е дел од новата кампања за чистење на угледот на градот[113]. На 25 мај 2023 година, во обид да се спречи однесувањето на дивите туристи, градот забранил пушење трева на јавни површини во и околу црвениот кварт.[114]

Малопродажба

Продавниците во Амстердам варираат од огромни стоковни куќи како Де Бијенкорф (1870 година) и Мејсон де Боннетерие, стоковна куќа во париски стил изградена 1889 година, па сè до мали специјализирани продавници.[115] Хај енд продавниците во Амстердам се сместени на улиците Питер Корнелиц Хофстрат и Корнелис Схуистрат, кои се наоѓаат во близина на Вонделовиот парк. Една од најпрометните улици во Амстердам е тесната средновековна улица – Калверстрат која се наоѓа во срцето на градот. Други области за купување се: Девет Улици, Харлемердајк и Харлемерстрат. Negen Straatjes се девет тесни улици во рамките на Храгтенхордел, концентричниот систем на канали во Амстердам. Деветте улици се разликуваат од другите области за шопинг по тоа што имаат голем број на приватни продавници. Haarlemmerstraat и Haarlemmerdijk беа прогласени за најдобри шопинг улици во Холандија во 2011 година. На овие улици исто така има голем број приватни продавници. Но, додека на 'девет улици доминираат модните продавници, на Харлемерстрат и Харлемердајк може да се видат секаков вид на продавници- продавници за слатки и друг тип на храна, долна облека, патики, облека за венчавки и свечености, продавници за мебел, книжарници, продавници за велосипеди, скејт опрема итн.

Во градот исто така има и голем број пазари на отворено како Алберт Супермаркетите, Вестерстрат - пазарот, тен Катемаркт, и Дапермаркт. Некои од овие пазари се дневни, а некои се одржуваат еднаш неделно.

Мода

Модните брендови како Iris van Herpen,[116] Моделските агенции имаат отворено свои филијали во Амстердам. Супермоделите Ифке Стурм, Дутцен Крус и Ким Норда своите кариери ги започнале во Амстердам. Амстердам има свој центар за облека во Светскиот Моден Центар. Зградите во кои порано се наоѓале бордели во ред лајт дистрикт биле преобратени во ателјеа на млади познати модни творци.

Remove ads

Сообраќај

Thumb
Трамвај го преминува Кејзерсграхт
Thumb
Амстердамско Метро.

Метро, трамвај и автобус

Регионалните автобуси и некои приградски автобуски линии се управувани од страна на Connexxion и Arriva. Во моментов постојат 16 различни трамвајски линии и четири метро линии. Петтата метро линија север-југ е во изградба. 3 бесплатни траекти ги пренесуваат патниците преку заливој ИЈ до северниот дел на Амстердам додека 2 линии на траекти пловат источно и западно од пристаништето. Во Амстердам има водено такси, воден автобус, електрични чамци што се изнајмуваат, како и патувања по каналите кои служат за пренос на патници по воден пат. За да се олесни транспортот до центарот на Амстердам, градот има различни P+R локации каде што луѓето можат да го паркираат својот автомобил по прифатлива цена и да се префрлат на една од бројните линии за јавен превоз.

Автомобил

Обиколницата А10 која го опкружува градот го поврзува Амстердам со холандската мрежа од магистрални патишта. Клучките на А10 им овозможуваат на возилата да се приклучат на еден од 18 градски патишта кои се нумерирани од С101 до С118. Овие градски патишта се патишта на кои лентите не се одвоени, а понекогаш и не се означени со линија. Повеќето од нив се дозволени за велосипеди. С100 е помал рингроуд кој го обиколува центарот на градот. [117]

Во 1932 година Амстердам бил предвиден да биде центар на нултиот километар на автопатскиот систем на Холандија[118]. Автопатите требале да бидат обележани од 1-8 и да тргнуваат од градот. Почетокот на Втората светска војна и пренасочувањето на приоритетите биле причините поради кои денес само патиштата А1, А2 и А4 тргнуваат од Амстердам. Изградбата на патот А3 кон Ротердам била откажана воо 1970 година со цел да се зачува Гроене Харт.[119] Патот А8, кој води северно до Заандам и патот А10 биле пуштени во употреба меѓу 1968 и 1974 година. Освен патот А1, А2, А4 и А8 неколку други патишта како А7 и А6 водат кон Амстердам.

Во центарот на градот, возењето автомобил е обесхрабрено. Таксите за паркирање се скапи, а многу улици се затворени за автомобили или се еднонасочни.[120]Локалната власт ги спонзорира иницијативите за заеднички патувања и заедничко користење на моторни возила како што се Autodelen и Meerijden.nu..[121] Локалната власт, исто така, започнала со отстранување на паркинг места во градот, со цел да се отстранат 10.000 места (околу 1.500 годишно) до 2025 година.[122]

Железници

Thumb
Централна станица на Амстердам

Во Амстердам има десет станици на Холандската железница (Ns).[123] Пет од нив се меѓуградски- Амстердам Слотердајк, Амстердам Југ, Амстел, Бајмар и Амстердам Централ. Станици за локални линии се Lelylaan, RAI, Holendrecht,Muiderpoort and Science Park како и Амстердам Централ. Од централната станица има линии за Австрија, Белорусија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Русија, и Швајцарија. Освен овие линии има и меѓународни линии на Холандската железница ( Амстердам-Брисел-Париз-Келн), Градски ноќни линии (CityNightLine), и Интер сити (InterCityExpress).[124][125][126]

Еуролинија има линии на автобуси од железничката станица Амстел во Амстердам до сите одредишта во Европа.

Аеродром

Thumb
Аеродром Амстердам.

Аеродромот „Схипхол“ е оддалечен на 20 минути со воз од централната железничка станица. Тоа е најголемиот аеродром во Холандија, петти по големина во Европа и дванаесетти по број на патници во целиот Свет. Тој може да опслужи околу 68 милиони патници годишно и е база на 4 авиопревозници на холандските авиокомпании (KLM, transavia.com, Martinair и Arkefly).[127] „Схипхол“ во 2015 година пртти четврти аеродром по меѓународна прометност.[128]Овој аеродром е 4 метри под нивото на морето[129]

Велосипед

Thumb
Властите редовно извлекуваат велосипеди од дното на каналите во Амстердам. Многу жители ги фрлаат старите велосипеди во каналите.

Амстердам е еден од најголемите градови за велосипеди во светот и е центар на велосипедската култура со добри капацитети за велосипедистите, како што се велосипедски патеки и багажници за велосипеди, и неколку чувани гаражи за складирање велосипеди (fietsenstalling) кои можат да се користат.

Според најновите бројки објавени од Централното биро за статистика (CBS), во 2015 година, 442.693 домаќинства (850.000 жители) во Амстердам заедно поседувале 847.000 велосипеди - 1,91 велосипед по домаќинство[130]. Кражбата е широко распространета - во 2011 година, во Амстердам биле украдени околу 83.000 велосипеди.[131] Велосипедите ги користат сите социо-економски групи поради нивната погодност, малата големина на Амстердам, 400 км (249 милји) велосипедски патеки[132], рамниот терен и непријатностите при возење автомобил.[133]

Remove ads

Образование

Thumb
Влезот на Амстердамскиот универзитет

Амстердам има 2 универитети- Универитетот на Амстердам и Слободниот универитетот (VU). Во другите институции кои овозможуваат високо образование спаѓаат уметничкото училиште (Gerrit Rietveld Academie), високото училиште (the Hogeschool van Amsterdam), и Амстердамската висока школа за уметност (Amsterdamse Hogeschool voor de Kunsten). Меѓународниот институт за социјална историја на Амстердам е една од најголемите истражувачки институции за социјална историја, а особено за историја на работничкото движење. Ботаничката градина на Амстердам која е формирана на почетокот на XVII век е една од најстарите ботанички градини во светот[134] и која има голем број на стари и ретки примероци, меѓу кои и растение од кафе кое било родител на сите растенија кафе во цела централна и Јужна Америка.[135]

Thumb
Barlaeus Gymnasium

Некои од основните училишта во Амстердам, како што е Монтесори, наставата ја основаат на одредени педагошки теории. Најголемото средно училиште во Амстердам е Монтесори Лицеум Амстердам. Но, наставата во многу училишта е основана врз религијата. Ова било пракса на Римокатоличките и протестантски училишта, но како што се зголемил бројот на муслимански имигранти така се зголемил и бројот на исламски училишта. Во јужните предградија на Амстердам има еврејски училишта.

Амстердам е познат по тоа што има 5 граматички училишта каде се учи според класична гимназиска програма, а во програмате се и изучувањето на латински и класичниот грчки јазик.[136]

Иако до неодамна се сметало дека овој концепт набрзо ќе изумре, сепак гимназиите доживеале оживување што доведе до формирање на нова четврта и петта гимназија во која спаѓаат и гореспоменатите три гимназии. Повеќето средни училишта во Амстердам нудат низа од повеќе нивоа на образование во едно исто училиште. Градот исто така изобилува со колеџи чија програма варира од арт и дизајн до политика и економија и кои истовремено се достапни за странски студенти.

Remove ads

Домување

Пазарот за домување е под силна контрола. Во Амстердам 55% од постоечките станбени објекти и 30 процетни од новите станови се во сопственост на здруженијата за домување кои се спонзорирани од владата.

Збиените имоти се многу чести во Амстердам, бидејќи законот за имот ги фаворизира станарите. Голем број од овие збиени имоти станале познати како на пример ОТ301, Вранкријк (затворен од страна на владата) и Биннепрет, и неколку други кои сега работат како бизниси, како здравствени клубови и ресторани со лиценца.[137]

Култура и забава

Thumb
Поглед кон Државниот музеј.
Thumb
Поглед кон музејот Ван Гог.
Thumb
Поглед кон Градскиот музеј.

Кон крајот на XVI век, комората за реторика во Амстердам организирала натпревари меѓу повеќе комори во читање поезија и драма[138][139]. Во 1638 година во Амстердам бил отворен првиот театар.[140] Во него се одржувале балетски претстави од 1642 година наваму.[141][142] Во XVIII век познат станал и Францускиот театар. Додека Амстердам бил под влијанието на германската музика во XIX век имало многу малку продукции на опера- Холандската Опера во Амстердам (Hollandse Opera Amsterdam) била изградена во 1888 година со специфична цел, промовирање на холандската опера[143]. Во XIX век популарната култура била центрирана во областа Нес. Метрономот, еден од најважните пронајдоци за класичната музика во Европа е измислен од Дитрих Николаус Винкел во 1812 година[144]. На крајот на векот биле изградени Државниот и Градскиот музеј.[145][146] Во 1888 година е основан Оркестарот на Концертниот дом.[147] Со 20 од век дошло и киното, радиото и телевизијата како медиуми. Иако повеќето студија се наоѓаат во Хилверсум и Алсмер, Амстердам има многу големо влијание во програмата. Многу луѓе кои работат во телевизиската индустрија живеат во Амстердам. Исто така седиштето на СБС 6 се наоѓа во Амстердам.[148]

Музеи

Најважните музеи во Амстердам се наоѓаат на Плоштадот на музеите, сместен југозападно од Кралскиот музеј (Rijksmuseum). Тој бил изграден во последната четвртиона на XIX век врз темелите на поранешниот светски саем. Североисточниот дел од плоштадот е ограден со прилично големиот Кралски музеј. Пред Кралскиот музеј на самиот плоштад се наоѓа долго правоаголно езеро. Истото е претворено во лизгалиште во зимскиот период.[149] Северозападниот дел од плоштадот се граничи со Музејот на Ван Гог, Стаделајк Музеј, Куќата на Болс Коктели & Геневер Искуство и Костер Дајмонс. Југозападната граница на плоштадот на музеите е Ван Баерлестрат, што е главната сообраќајница во овој дел од Амстердам. Од другата страна на улицата се наоѓа Концерниот дом. На југозапад од плоштадот има повеќе големи куќи и супермаркет. Музеумплеин е покриен со трева, со исклучок на североисточниот дел кој е покриен со шљунак. Моменталниот изглед на плоштадот бил добиен во 1999 година, кога плоштадот бил обновен. Плоштадот сам по себе е една од најистакнатите места во Амстердам и е познат по одржување на фестивали и концерти на отворено особено во лето. Во 2008 година се направени планови за повторно обновување на плоштадот, бидејќи поголемиот дел од граѓаните не се задоволни од неговиот изглед.

Thumb
Споменик на Рембрант

Кралскиот музеј ја поседува најголемата и најважната збирка на дела од класичната холандска уметност[150]. Тој бил отворен во 1885 година. Неговата збирка се состои од скоро милион предмети[151]. Најповрзан со Амстердам е уметникот Рембрант, чие дело и делото на неговите ученици е изложено во овој музеј. Ремек делото на Рембрант Ноќна Стража е едно од врвните уметнички парчиња во овој музеј. Во него исто така има слики од уметници како Ван дер Хелст, Вермер, Франс Халс, Фердинанд Бол, Јакоб ван Раусдел и Паулис Потер. Освен слики во музејот има и голема колекција на декоративни уметности. Тоа може да бидат од тапети до стаклени куќи за кукли од 17 од век. Архитект на зградата со готски стил е П.J.Х. Кајперс. Во моментов музејот се проширува, реновира и замислена е изградба на нов главен влез во музејот. Само едно крило на музејот е отворено за јавноста во моментов а изложена е селекција од ремек-дела. Целосната колекција била повторно отворена за јавноста на 13 април 2013 година, а музејот останал најпосетуваниот музеј во Амстердам со 2,2 милиони посетители во 2016 година и 2,16 милиони во 2017 година.[152]

Ван Гог живеел во Амстердам еден краток период па затоа во негова чест е отворен музеј за неговото дело. Музејот е сместен во една он новите модерни згради во оваа област на Амстердам.[153][154] Зградата е дизајнирана од Херит Ритвелд. Во оваа зграда е изложена постојана колекција. Во 1999 година е додадено ново крило на музејот. Оваа зграда позната под името крило за изведби е дизајнирана од јапонскиот архитект Кишо Курокава. Во неа се одржуваат привремени изложби. Некои од најпознатите слики на Ван Гог како Јадачите на Компири и Сончогледи се наоѓаат во колекцијата на музејот. Музејот на Ван Гог е најпосетениот музеј во Амстердам.

Одма до музејот на Ван Гог се наоѓа Градскиот музеј. Ова е најголемиот музеј во Амстердам во врска со современа уметност. Музејот ги отворил своите врати во исто време кога бил изграден и плоштадот на музеите. Постојаната колекција се состои од дела на уметници како Пит Мондријан, Карел Апел и Казимир Малевич. Главниот влез е преместен од Паулус Потерстрат на плоштадот на музеите. По реновирањето, во септември 2012 година бил повторно отворен.

Во Амстердам има и многу други музеи. Има мали музеи куќата на Ана франк и куќата на Рембрант, но има и огромни музеи како Тропен, Амстердамскиот музеј, Историскиот музеј, а музејот со современ стил Немо е посветен на научни изложби за деца.

Музика

Thumb
Coldplay на арената „Јохан Кројф“, 2016 година

Музичката култура на Амстердам вклучува голема колекција на песни кои го третираат градот носталгично и со љубов. Песната од 1949 година „Aan de Amsterdamse grachten“ („На каналите на Амстердам“) била изведена и снимена од многу уметници, меѓу кои и Џон Крајкамп постариот; најпознатата верзија е веројатно онаа од Вим Соневелд (1962). Во 1950-тите Џони Џордан се прославил со „Geef mij maar Amsterdam“ („Го претпочитам Амстердам“), кој го фали градот над сите други (експлицитно Париз); Џордан пеел особено за своето соседство, Јордан. Меѓу колегите и современиците на Џони се Танте Лин и Манке Нелис. Друга значајна песна од Амстердам е „Амстердам“ од Жак Брел (1964).[155] Анкетата од 2011 година на амстердамскиот весник Het Parool дека „Oude Wolf“ на Трио Биер е прогласен за „Amsterdams lijflied“.[156] Значајни бендови од Амстердам од современиот период ги вклучуваат Osdorp Posse и The Ex.

Музичката хала AFAS Live, порано позната како арена „Ханјекен“ е концертна сала во близина на Амстердам Арена . Нејзината главна цел е да служи како подиум за поп концерти и голема публика. Многу од познатите странски уметници имале настапи во неа. Две други познати места се Парадисо и Мелквех (Paradiso and Melkweg) а тие се наоѓаат во близина на Леидсеплеин. И во двете има широка програма од инди рок до хип-хоп и РНБ и други познати правци на музика.

Други места кои се ориентирани на подкултури се OCCII, OT301, De Nieuwe Anita, Winston Kingdom и Zaal 100. Џезот има голема публика во Амстердам, а најпознато џез место е Бимхаус (Bimhuis).

Армин ван Бурен и Тиесто потекнуваат од Холандија и се сметаат за едни од најдобрите транс-диџеи и многу често настапуваат во Амстердам. Секој октомври, Амстердам е домаќин на АДЕ кој е еден од водечките електронски музички собири и воедно најголем клупски фестивал на електронска музика во светот со 350.000 посетители годишно.[157] Друг познат музички фестивал е 5 days off, кој се одвива на стадионите Парадисо и Мелквех (Paradiso and Melkweg). Во текот на летото има неколку големи фестивали на денс музика во околината на Амстердам како Awakenings, Dance Valley, Mystery Land, Loveland, A Day at the Park, Welcome to the Future, и Valtifest.

Thumb
Концертен дом.

Амстердам има светски познат симфониски оркестар, наречен „Оркестар на Концертниот дом“ чие седиште е Концертен дом (Консертгебау) на плоштадот на музеите. За неа критичарите сметаат дека има една од најдобрите акустики во светот. Зградата има три хали, Хроте Зал, Мал Зал, и Спигелзал. Годишно во неа се одвиваат околу 800 концерти со повеќе од 850.000 посетители..[158] Операта на Амстердам се наоѓа во близина на Градското собрание. Затоа двете згради заедно се нарекуваат Стопера. Овој збор потекнува од холандските зборови градска куќа (stadhuis) и опера (opera). Огромниот модерен комплекс, кој бил отворен во 1986 година се наоѓа во поранешната еврејска населба во близина на реката Амстел. Стопера е база на Холандската Опера, националниот балет и Холандската симфонија.

Muziekgebouw е концертна хала, која се наоѓа блиску до централната станица. Во неа се одвиваат главно концерти на модерна класична музика. Во нејзина близина се наоѓа Bimhuis, концертна хала за импровизирана и џез музика.

Театар

Thumb
Стадсшавбург, најпознатиот театар во Амстердам

Главната зграда на театарот во Амстердам е Стадсшавбург во Лејдсеплејн. Тоа е базата на Toneelgroep Amsterdam. Оваа зграда датира од 1984 година. Повеќето претстави се изведуваат во Големата Сала. Вообичаената програма на настани ги опфаќа сите видови на театарски форми. Третиот театарски простор кој ќе работи заедно со соседниот Мелквег бил отворен во 2010 година. Други театри се: Кралскиот Театар, Стопера, ДеЛаМар и.т.н.

Комедија и кабаре

Холандија има традиција на кабаре или „kleinkunst “која комбинира музика, раскажување приказни, коментари, театар и комедија. Кабарето датира уште од триесеттите, а артисти како Вим Кин, Вим Соневелд и Том Херманс биле пионерите на ова форма на уметност во Холандија. Во Амстердам постои Академија за кабаре (Kleinkunstacademie). Современи популарни артисти се: Јоуп ван Хек, Фрек де Јонг, Херман Финкерс, Тео Мансен, Херман ван Вин. Комедијата на англиски јазик била воспоставена со основањето на Boom Chicago во 1933 г. Тие имаат своj сопствен театар во Лејдсеплејн.

Ноќен живот

Thumb
DeWolff во Парадисо
Thumb
„Тенкиот мост“ на реката Амстел

Амстердам е познат по неговиот енергичен и разновиден нокен живот. Двете главни области познати по ноќниот живот се Лејдсеплејн и Рембрантплејн.

Амстердам има многу кафулиња и барови. Тие варираат од големи и модерни до мали и удобни.Типичното кафеаво кафуле има постаромодна атмосфера со пригушени светла, свеќи и нешто повозрасна клиентела. Повеќето кафулиња имаат тераси во лето. Честа глетка на Лејдсеплејн во текот на летото е плоштад полн со тераси преполни со луѓе кои пијат вино или пиво. Во Амстердам исто така може да се најдат многу ресторани. Бидејќи Амстердам е мултикултурен град, има многу различни етнички ресторани. Рестораните варираат од луксузни и скапи до обични и ресторани со прифатливи цени.

Амстердам исто така има многу дискотеки. Повеќето од овие клубови се наогаат блиску до Лејдсеплејн и Рембрантплејн. Парадисо, Мелквек и Шекерна фабрика се културни центри кои ноќе се претвораат во дискотеки. Примери за дискотеки блиску до Рембрантплејн се: Ескејп и Клуб Хоме. Исто така вредни да се спомнат се и Панама, Хотел Арена (Исток), Песок и Зоната на моќта. Бимхаус којшто е сместен блиску до главната железничка станица со својата богата програма е домаќин на најдобрите во своето поле и е еден од најдобрите џез клубови во светот. Регуларсдверстрат е главната улица за ЛГБТ заедницата и ноќниот живот.

Кинотеки

Холивудските филмови најчесто се вклучени во репертоарот на кината во сопственост на Патхе. Тушински е ар деко зграда која има прекрасно лоби и шест кино сали. Theater One е архитектонско богатство со комфорни седишта 2 балкони и неодамна реновиран таван. Pathe De Munt е модерна кинотека и се наоѓа на Мунтплеин. Пате Арена е на една метро станица од центарот и има ИМАКС аудиториум. Пате Цити било отворен во 2010 година. Во Тушински може да се погледнат уметнички филмови како и во Д Мувис, Синцентер, Критерион, Кетелхаус, Ауткајк, и the Филмскиот Музеј.

Фестивали

Thumb
„Денот на Кралицата“ во 2013 година
Thumb
Луѓе облечени во портокалова облека на каналите на Амстердам во 2010 година за време на „Денот на Кралот“

Во 2008, на територија на Амстердам имало 140 фестивали и настани.[159] Познати фестивали и настани во Амстердам се - Денот на Кралицата; Холандскиот фестивал за дувачки уметности, годишниот Принцеграхт концерт, „Стајл Омганг“ - Амстердам Геј парада; Купот на канабисот; и the Аутмарк. На денот на Koninginnedag стотици илјади луѓе доаѓаат во Амстердам да слават заедно со жителите на Амстердам. Целиот град е натрупан со луѓе кои купуваат производи на пазарите или посетуваат некој од многуте концерти.

Годишниот фестивал на Холандија привлекува странски уметници и посетители од цела Европа. Амстердамската геј парадата е фестивал кој се одржува секоја година и има локален карактер, а се одржува во вид на парада на бродови во каналите првата сабота во август[160]. Парадата е фестивал која е честа мета на критики и пофалби. Годишниот Аутмаркт е тридневен културен настан кој почнува на крајот на Август. Тој овозможува да се видат бројни уметници, како музичари и поети кои својата изведба ја изведуваат качени на подиуми.[161]

Спорт

Thumb
Јохан Кројф, 1967 година

Амстердам е дом на фудбалскиот клуб ФК Ајакс Амстердам. Стадионот „Јохан Кројф“ е домашен стадион на Ајакс. Се наоѓа во југоисточниот дел на градот до железничката станица. Пред 1996 година кога Ајакс се преселил на денешната местоположба, се натпреварувал на стадионот Де Мер[162]. Во 1928 година, Амстердам бил домаќин на Летните олимписки игри.[163] Олимпискиот стадион кој бил изграден за таа намена е потполно реставриран и сега се употребува за спортски и културни настани, како што е Амстердамскиот Маратон. Градот бил домаќин за велосипедските настани на оваа манифестација. Осум години порано, Амстердам учествувал во организирање на пловечките настани од летната олимпијада која била одржана во соседниот Антверпен, Белгија.

Екипата за хокеј на мраз игра во салата Јап Еден. Овој тим учествува во Холандската премиер лига во хокеј на мраз. Во оваа сала исто така се одржуваат и првенства во брзо лизгање на 400 метри. Амстердам има и екипи екипи за рагби, Амстердам Крусадерс, Амстердам Слотен и Амстердам Пантерс. Тимот Амстердам Пиратис се натпреварува во големата рагби лига на Холандија. Има три тима за хокеј на трева - Амстердам, Пиноке и Хурлеу. Тие играат во близина на Вагенер во блискиот град Амстелвеен. Кошаркарскиот тим Амстердам се натпреварува во холандската прва лига и тие играат во спортската сала Зуид во близина на Олимпискиот стадион[164].

Од 1999 градот Амстердам им одава чест на најдобрите спортисти и спортистки во салата Амстердам Спортс Авордс. Боксерот Раимонд Јовал и хокеарот карол Тате беа првите кои таму ги примиле наградите во 1999 година. Кик боксот, Муау Таи и други боречки вештини се популарни во Холандија и особено популарни во Амстердам. Амстердам бил домакин на Светската Гимназијада во 1991 и 2023 година.[165]

Амстердам како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Амстердам“ (англиски: Amsterdam) — песна на францускиот музичар Жак Брел од 1964 година[166]
  • „Амстердам“ (Amsterdam) — песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1970 година.[167]
  • „Нов Амстердам“ (англиски: New Amsterdam) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1980 година.[168]
  • „Амстердам“ — песна на српската пејачка Слаѓана Милошевиќ од 1979 година.[169]
  • „Амстердам“ — песна на српската рок-група Рибља чорба (Riblja Čorba).[170]
  • „Здраво Амстердам“ (англиски: Hello Amsterdam) — песна на американската рок-група Американ мјузик клаб (American Music Club) од 1994 година.[171]

Белешки

  1. Амстердам е уставен главен град, додека владата и кралското семејство се сместени во Хаг (видете Главен град на Холандија).

Наводи

Понатамошно читање

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads