Претор (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Преторархеолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото, на простор што се наоѓа до атарот на селото Курбиново, особено во имоти на месни жители, каде со ископувањата во 1967, 1972 и 1974 година се откриени темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер, наместа зачувани во височина и до 0,50 метри. Со обработувањето на земјата темелите се во голема мера оштетени така што на објектите не може да им се одредат плановите на основите. Во два објекта има остатоци од системи за затоплување - хипокаусти изведени од кружни керамички плочки. Откриен е и под со мозаик. Од ова наоѓалиште потекнуваат повеќе случајни наоди од кои посебно се издвојуваат една бронзена плочка со претстава на ориентално божество и една апликација од држалка на сад со претстава на човечка маска. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен и во Заводот и музеј во Охрид.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads