1972
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1972 (MCMLXXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1972 година од новата ера, 972. од вториот милениум, 72. од XX век и трета од 1970-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7480 и 7481 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6722 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5732 и 5733 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2725.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1972 година се протега во 4608 и 4609, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4668 и 4669 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2515. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1391 и 1392 исламска година.
Remove ads
Настани
- 30 јануари — Британската војска убива 14 невооружени ирски активисти за време на марш во Дери, Северна Ирска.
- 20 април — Американскиот свемирски брод „Аполо 16“ се спушти на Месечината.
- 15 мај — Окинава ѝ е вратена на Јапонија по 27 години американска окупација.
- 17 јуни — Во САД започнува скандалот Вотергејт.
- 21 декември — Западна и Источна Германија се признаваат една со друга.
- Македонскиот писател за деца Васил Куноски ја добил наградата 11 Октомври за животно дело.
Remove ads
Родени
- 6 март - Шекил О’Нил, американски кошаркар
- 20 април - Жељко Јоксимовиќ, српски пејач
- 21 април - Северина Вучковиќ, хрватска пејачка
- 3 мај - Рената Дескоска, македонска универзитетска професорка и политичарка
- 10 јуни - Радмила Шекеринска, македонска политичарка
- 23 јули - Зинедин Зидан, француски фудбалер
- 24 септември - Дуке Бојаџиев, македонски композитор
- 28 септември - Перо Блажевски, македонски кошаркар
- 30 септември - Никола Димитров, македонски политичар
- 1 октомври - Стевче Алушовски, македонски ракометар
Починале
- 27 април - Кваме Нкрума, гански политичар
- 1 ноември - Езра Паунд, американски поет
- 9 ноември - Елисие Поповски, македонски комунист и партизан
- 26 декември - Хари Труман, американски претседател
- 28 декември - Наум Веслиевски, македонски партизан
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
