Прилепско Кралство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прилепското Кралство било средновековна држава во западна Македонија, со седиште во Прилеп. Владетели биле кралевите Волкашин и Крале Марко.
Remove ads
Кралството во времето на Волкашин
Подемот и растот на угледот и моќта на браќата Волкашин и Углеша се случил набргу по смртта на српскиот цар Стефан Душан. По Душан на чело на српската држава дошол неговиот син цар Урош V. Својата држава, Волкашин ја воспоставил до крајот на 1365 година. Тој се потпрел на Охридската архиепископија, а пеќскиот патријарх го лишил од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија. Волкашин подигнал многу цркви и манастири, меѓу кои посебно претставителен е манастирот „Св. Димитрија“ во близина на Скопје. Волкашин владеел до 1371 година кога во Битката кај Марица против Османлиите бил убиен заедно со неговиот брат Углеша.
Remove ads
Кралството во времето на Крал Марко
Воената кампања за освојување на територијата под владение на Крал Марко од страна на Османлиите започнала во 1385 година, под водство на румелискиот беглербег Тимурташ-паша. Тој, откако собрал голема војска се упатил кон Прилеп и Битола. Пробивот најверојатно се одвивал преку вазалната територија на Константин Драгаш. Најпрвин, бил нападнат и заземен Прилеп, кој се предал без борба. Потоа, била нападната и Битола, која за разлика од Прилеп давала силен отпор. По извесно време и Битола била освоена и подложена на силна пљачка поради непослушноста за мирно предавање. Со освојувањето на овие градови, Крал Марко станал вазал на султанот сè до неговата смрт во Битката кај Ровине во 1395 година.
Remove ads
Надворешни врски
- Султанот Бајазит I го потчинува Прилепското Кралство на Викиизвор.
![]() | Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads