Природен резерват Сребарна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Природен резерват Сребарнаmap
Remove ads

Природен резерват Сребарна (бугарски: Природен резерват Сребърна) — природен резерват во североисточна Бугарија (Јужна Добруја), во близина на истоименото село, 18 км западно од Силистра и 2 км јужно од Дунав. Го сочинува езерото Сребарна и неговата околина и е важно мочуриште сместено на Виа Понтика, пат за преселба на птици помеѓу Европа и Африка.[2] Како резултат, тоа обезбедува живеалиште на гнездење и миграција за многу загрозени видови птици.

Кратки факти Природен резерват Сребарна, Место ...

Резерватот опфаќа 6 км2 заштитено подрачје и тампон-зона од 5,4 км2. Длабочината на езерото варира од 1 до 3 м. Изграден е музеј, каде што е уредена збирка видови типични за резерватот.

Remove ads

Историја

Додека езерото Сребарна било проучувано многу пати во минатото од странски биолози, првиот бугарски научник кој се интересирал за оваа област бил Алекси Петров, кој го посетил резерватот во 1911 година. Во 1913 година целата Јужен Добруџа била присоединета во Романија, но била вратен во Бугарија во 1940 година.

Thumb
Поглед кон резерватот Сребарна

Областа била прогласена за природен резерват во 1948 година и е рамстарски локалитет од 1975 година. Резерватот бил признат како светско природно наследство според Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство од 1972 година и е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1983 година.

Remove ads

Легенди

Постојат неколку легенди за потеклото на името на езерото. Едната е за еден хан по име Сребрист кој починал во соседството додека се впуштил во нееднаква битка со Печенезите. Втората раскажува за брод полн со сребро покрај брегот на езерото. Според третата која се смета за најверодостоен, името потекнува од сребрените рефлексии на површината на езерото за време на полна месечина.[се бара извор]

Флора и фауна

Флора

Thumb
Пеликани во музејот

Постојат видови на хидрофити како трска во и околу езерото. Во резерватот се наоѓаат 139 растителни видови, од кои 11 се во опасност од истребување надвор од територијата на Сребарна.

Фауна

Широк спектар на фауна постои во областа. 39 цицачи, 21 влекачи и водоземци и 10 видови риби се населени во резерватот, но најпознат е по тоа што 179 видови птици кои се гнездат на нејзината територија. Овие видови вклучуваат повеќе видови чапји и корморани, сјаен ибис, далматинскиот пеликан, немиот лебед, сивата гуска, мочурливиот арих. Малите цицачи во резерватот вклучуваат неколку видови ровчици и глувци.[3]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads