Прометеј (филм од 2012)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Прометеј (филм од 2012)
Remove ads

Прометеј (англиски: Prometheus) — американски научнофантастичен филм на ужасите од 2012 г. во режија на Ридли Скот. Првично наменет како предисторија на филмот „Осмиот патник“ од 1979 г., подоцна бил преобразен во самостоен филм, станувајќи првиот во трилогијата од предисторија.[3] Заплетот на филмот ја раскажува приказната за тоа како, на крајот на XXI век, вселенскиот брод „Прометеј“ тргнува кон ѕвезден систем, чиј образ истражувачите го откриле меѓу карпестите слики на различни древни цивилизации што не биле поврзани една со друга. Во потрага по одговори на прашањето за човечкото потекло, екипажот на бродот пристигнува на далечна планета, каде открива закана што може да доведе до исчезнување на човечкиот вид.

Кратки факти Прометеј, Режисер ...

Премиерата на филмот во САД и Македонија била на 8 јуни 2012 г.[4]

Remove ads

Содржина

Екипа од истражувачи откриваат трага за потеклото на човечкиот вид што ги води на напнато патување во темните делови на вселената, каде што ќе се вклучат во застрашувачка битка од која зависи опстанокот на човештвото. Експедицијата ја водат двајца генијални млади научници, Елизабет Шо и Чарли Холовеј, со спротивни поводи. Елизабет е верничка, таа сака да ги запознае овие „богови“ за да се доближи до нејзините традиционални верски ставови, додека Холовеј сака да ја открие таа духовност.

Во нивната работа како археолози, тие откриваат траги во пештерските пиктограми од древните цивилизации низ целиот свет, сите укажувајќи на истото место во далечната вселена и ја убедуваат корпорацијата „Вејланд индустрис“ да ја финансира мисијата. Ниту еден од научниците не е подготвен за незамисливите ужаси што ги чекаат.

Remove ads

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads