Промотор (генетика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во генетиката, промотор е регион на ДНК што доведува до започнување на транскрипцијата на одреден ген. Промотори се наоѓаат во близина на почетните места на транскрипција на гените, возводно на ДНК (кон 5' регионот на сенс веригата). Промотори можат да бидат долги околу 100-1000 базни парови (бп).[1]

Горе: Генот е исклучен. Нема лактоза за да го инхибира репресорот, па затоа тој се врзува за операторот, кој и оневозможува на РНК-полимеразата да се врзе за промоторот и да го транскрибира генот за лактаза.
Доле: Генот е активиран. Лактозата го инхибира репресорот, дозволувајќи и на РНК-полимеразата да се врзе за промоторот и да го транскрибира генот за лактаза. Ензимот ќе ја разгради лактозата и репресорот ќе стане слободен. Слободниот репресор потоа ќе се врзе за операторот, стопирајќи го создавањето на лактазата.
Remove ads
Преглед
За да се одвива процесот на транскрипција, ензимот РНК-полимераза мора да се прикачи на ДНК во близина на генот. Промоторите содржат специфични ДНК-низи кои обезбедуваат безбедно почетно место за врзување на РНК-полимеразата и за белковини наречени транскрипциони фактори кои ја регрутираат РНК-полимеразата. Овие транскрипциони фактори имаат посебни активаторни или репресорни низи кои се поврзуваат за одредени промотори и ја регулираат генската експресија.
- Кај бактериите
- Промоторот е препознаен од страна на РНК-полимеразата и сигма факторот, кои, пак, најчесто се привлечени кон промоторот кога активаторна белковина ќе се врзе за своето врзувачко место на ДНК.
- Кај еукариотите
- Процесот е многу покомплициран, и најмалку седум различни фактори се потребни за врзување на РНК-полимераза II за промоторот.
Промоторите претставуваат критични елементи кои можат да функционираат заедно со други регулаторни региони (засилувачи, пригушувачи, гранични елементи/инсулатори) за да се регулира нивото на транскрипцијата на одреден ген. Индукцијата на промоторот настанува како резултат на промените во изобилството или конформацијата на регулаторните белковини во клетката, кои овозможуваат да активирачките транскрипциони фактори ја регрутираат РНК-полимеразата.[2][3]
Remove ads
Идентификација на релативната локација
Бидејќи промоторите се наоѓаат во непосредна близина на нивните гени, позициите во промоторот се назначени во однос на почетната позиција за транскрипција (позициите возводно се обележуваат со негативни броеви, броејќи наназад од -1, на пример -100 е позиција која се наоѓа 100 базни парови возводно од почетното место за транскрипција).
Релативна локација во клеточното јадро
Во клеточното јадро, се чини дека промотори се преференцијално дистрибуирани по работ на хромозомски територии, веројатно за да биде овозможена коекспресија на гени кои се наоѓаат на различни хромозоми.[4] Исто така, кај човекот, промотерите покажуваат одредени структурни одлики карактеристични за секој хромозом.
Елементи
Еукариотски
- Главен промотор – минималниот дел од промоторот кој е потребен за правилно да се иницира транскрипцијата.[5]
- Ги вклучува почетното место на транскрипција и елементите директно возводно
- Врзувачко место за РНК-полимеразата
- РНК-полимераза l: врши транскрипција на гените кои ги кодираат 18S, 5.8 S и 28S рибозомните РНК молекули.
- РНК-полимераза II: врши транскрипција на гени кои кодираат информациски РНК молекули и одредени мали јадрени РНК молекули и микроРНК молекули.
- РНК-полимераза III: врши транскрипција на гени кои кодираат транспортни РНК молекули, 5s рибозомни РНК молекули и други мали РНК молекули.
- Општи врзувачки места за транскрипционите фактори, на пр TATA кутијата и Б препознавачкиот елемент.
- Може да бидат присутни многу други елементи/мотиви. Не постојат „универзални елементи“ кои се наоѓаат во секој главен промотор.[6]
- Непосреден промотор – непосредната низа возводно од генот која содржи примарни регулаторни елементи.
- Околу 250 базни парови возводно од почетното место на транскрипција.
- Врзувачко место за специфични транскрипциони фактори.
- Далечен промотор – далечната низа возводно од генот која може да содржи дополнителни регулаторни елементи, често со послабо влијание од непосредниот промотор.
- Не ги вклучува засилувачите и другите регулаторни региони чие влијание е независно од позицијата и ориентацијата.
- Врзувачко место за специфични транскрипциони фактори.
Бактериски
Кај бактериите, промоторот содржи две кратки низа кои се наоѓаат околу 10 нуклеотиди и околу 35 нуклеотиди возводно од почетното место на транскрипција.
- Низата на -10 (-10 елементот) има консензус низа TATAAT.
- Низата на -35 (-35 елементот) има консензус низа TTGACA.
- Оптимално растојание помеѓу -35 и -10 елементите изнесува 17 базни парови.
- Некои промотори содржат една или повеќе возводни промоторни елементи,[7] со консензус низа 5'-AAAAAARNR-3' кога се наоѓа во -42 регионот; и консензус низа 5'-AWWWWWTTTTT-3' кога се наоѓа во -52 регионот; W = A или T; R = A или G; N = било која база).[8]
Горенаведените промоторни низи биваат препознаени само од страна на холоензимот на РНК-полимеразата кој го содржи сигма-70. Холоензимите на РНК-полимеразата кои содржат други сигма фактори препознаваат различни главни промоторни низи.
<-- возводно низводно --> 5'-XXXXXXXPPPPPPXXXXXXPPPPPPXXXXGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGGXXXX-3' -35 -10 Ген
Веројатност за присуство на секој од нуклеотидите
за -10 низа Т А Т А А Т 77% 76% 60% 61% 56% 82%
за -35 низа T T G A C A 69% 79% 61% 56% 54% 54%
Remove ads
Поврзано
- Активатор (генетика)
- Засилувач (генетика)
- Оперон
- Регулација на генска експресија
- Репресор
- Транскрипционен фактор
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads