Протромбинско време
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Протромбинското време е тест за детекција на пореметувањето на екстринзичниот пат на коагулацијата. Се одредува предоперативно, при заболувања на црниот дроб и следење на антикоагулациската терапија. Референтниот опсег за протромбинско време зависи од користениот аналитички метод, но вообичаено изнесува 12–13 секунди.
Интернационален нормализиран однос
Резултатот од тестот за протромбинско време (изразен во секунди) и изведен на нормален поединец варира во зависност од аналитичкиот систем што се користи. Ова се должи на варијациите на различни типови и серии на ткивен фактор кој се користи во реагенсот за испитувањето. INR е осмислен со цел да ги стандардизира резултатите. Секој производител означува ISI вредност (International Sensitivity Index) за секој ткивен фактор што го произведува. ISI вредноста е индикатор за тоа колку одредена серија на ткивен фактор е слична со интернационален референтен ткивен фактор. ISI вообичаено изнесува помеѓу 0.94 и 1.4 за почувствителните и помеѓу 2.0-3.0 за помалку чувствителните тромбопластини.[1][2][3]
INR е односот помеѓу протромбинското време на пациентот и на нормален (контролен) примерок, степенуван за ISI вредноста на употребуваниот аналитички систем.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads