Псамата (месечина)

месечина на Нептун From Wikipedia, the free encyclopedia

Псамата (месечина)
Remove ads

Псамата, исто така позната како Нептун Xнеправилна месечина на Нептун. Го добила името според Псамата, една од нереидите. Псамата била откриена од Скот Шепард и Дејвид Џуит во 2003 година користејќи 8,2-метарски телескоп Субару.[4] Пред да биде објавено неговото име на 3 февруари 2007 година (IAUC 8802), бил познат под ознаката S/2003 N 1.[6]

Кратки факти Откривање, Откривач ...

Пречникот на Псамата е околу 38 километри. Кружи околу Нептун на растојание меѓу 25,7 и 67,7 милиони километри (за споредба, растојанието Сонце-Меркур варира меѓу 46 и 69,8 милиони километри) и му се потребни скоро 25 Земјини години за да направи една орбита. Орбитата на оваа месечина е блиска до теоретско стабилно одвојување од Нептун за тело во повратна орбита. Со оглед на сличноста на параметрите на орбитата со Несо (S / 2002 N 4), се сугерирало дека двете неправилни месечини може да имаат заедничко потекло од распад на поголема месечина.[4] И двете месечини се подалеку од планетата околу која орбитираат од која било друга позната месечина во Сончевиот Систем.[7]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads