Пчели

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пчели
Remove ads

Пчели (Anthophila) се летачки ципокрилни инсекти коишто се блиско поврзани со осите и мравките. Пчелите се најпознати и важни во нивната улога во опрашувањето на разни растенија, а истовремено и за производство на мед и пчелин восок. Пчелите се монофилетска линија од натсемејството Apoidea и моментално се сметаат за клада, наречена Anthophila. Има повеќе од 16.000 познати видови на пчели во 7 научно признати семејства.[1] Тие се присутни на секој континент освен Антарктикот, односно на секоја средина каде што се присутни скриеносеменици опрашувани од инсекти. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera).[2]

Кратки факти Пчели Период: Креда – денес, Научна класификација ...

Некои видови, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и пчели без боцки живеат социјално во колонии. Пчелите се адаптирани за да се исхранат со нектар и полен. Нектарот главно го користат како извор на енергија, додека поленот го користат за белковини и други хранливи материи. Најголемиот дел од поленот се користи како храна за ларвите. Опрашувањето од пчели е еколошки и комерцијално многу важно, а со намалениот број на диви пчели се зголемила значајноста на сандаци за пчели.

Пчелите произведуваат мед веќе 150 милиони години и тие се единствени инсекти што произведуваат храна што може да ја јадат луѓето.

Една колонија може да има од 20.000 до 80.000 пчели и само една матица кралица. Животниот век на матицата е до пет години, а поретко до седум. Матицата е единствена пчела што полага јајца и може да положи до 2.500 јајца дневно.[3]

Пчелите по големина се од 2 мм по должина кај работниците на некои минијатурни пчели без боцка, до должина од 39 мм кај женските единки на видот Megachile pluto, кој се смета за најголемиот вид од семејството Megachilidae. Најчестиот вид на пчели во северната полутопка се Halictidae, кои се мали пчели и често биле погрешно сметани за муви и оси.

Грабливци на пчелите ги вклучуваат пчелојадни птици од инсекти се пчелојадни оси и вилинско коњче.

Remove ads

Пчеларство

Пчеларството било изведувано со милении, барем од времето на древен Египет и Стара Грција. Освен нивната улога во производство на мед и опрашување, медоносните пчели исто произведуваат восок и пчелин млеч.

Меѓународен ден на пчелата

Пчелите како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads