РК Еурофарм Пелистер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
РК Еурофарм Пелистер (познат и како РК Пелистер) — ракометен клуб од Битола, Македонија.
Првичниот клуб РК Пелистер е основан во 1955 година, додека денешното правно лице РК Еурофарм Пелистер е основан во 2011 година. Моментално се натпреварува во македонската супер лига.
Remove ads
Историја
РК Пелистер е првиот основан ракометен клуб во Македонија, формиран во 1946 година под името Пелагонија. Потоа, во 1955 година, го променил името во Пелистер. 1960-тите години биле многу успешни, освојувајќи 4 шампионски титули почнувајќи од 1960 година до последната во 1969 година. Клубот освоил уште три титули во 1970-тите. Во 1980-тите, сезоната 1981 година била последната успешна, кога го освоил осмиот шампионски трофеј. Од сезоната 1983/84, Пелистер започнал редовно да учествува во првенството на Југославија. Во 1985 година завршил на третото место и бил вицешампион во следните две сезони (1986/87 и 1987/88) зад доминантниот клуб Металопластика. Во тој период станал популарен слоганот „Кој не играл во Битола, не знае што е вистинска поддршка“, кој го изјавиле личности како Владо Шола, Лино Червар и Златан Сарачевиќ.
Пелистер станал првиот македонски клуб што заиграл во европските натпреварувања. Во 1986 година го победил грчкиот Филипос, но потоа загубил во осминафиналето од Атлетико Мадрид, со севкупен резултат 34-38, и покрај победата на домашен терен од 24-19. Во сезоната 1988/89 се пласирал во четвртфиналето на ЕХФ Купот, победувајќи ги Строволос Никозија и Баник, пред да биде поразен од германскиот клуб Ворвертс. Првиот меч во Битола го добил со шест гола разлика (22-16), но во возвратниот натпревар во Берлин загубил со девет гола разлика (13-22). Со формирањето на македонската супер лига во 1992 година, Пелистер станал најуспешен клуб во земјата, освојувајќи пет лигашки титули и пет куп титули во деценијата.
Во 1996 година, Пелистер стигнал до полуфиналето на ЕХФ Купот на победниците на куповите, каде загубил со еден гол разлика од идниот шампион, ТБВ Лемго. Рекордни 7.000 гледачи присуствувале на реваншот во Битола. Дополнително, уште еден доказ за доминацијата на Пелистер во тој период е тоа што седум играчи од македонската репрезентација на Светското првенство 1999 во Египет играле за клубот.
Најуспешен европски настап, Пелистер забележал во сезоната 2001/02, кога учествувал во ЕХФ Челинџ Купот. Прво, забележал победа во третото коло, победувајќи го Зилант Казан и се пласирал во четвртото коло, каде го победил Парис Сент Жермен. Во четвртфиналето го совладал ГАС Килкис со вкупен резултат 52-51, пласирајќи се во полуфиналето каде за противник го имал Фредериксберг. Пелистер издвојувал победа во полуфиналето на драматичен начин во Битола, кога Наумче Мојсоски постигнал гол во последните секунди од натпреварот за да го изедначи севкупниот резултат, преминувајќи понатаму преку пенал-серија со конечен резултат 61-60. Во финалето, Пелистер загубил од Скерн Хандболд, но и во тој дуел забележал победа на домашен терен од седум гола разлика.
Во 2005 година, Трифун Костовски со Кометал станал спонзор на клубот, враќајќи ги славните денови и освојувајќи уште еден двоен трофеј, и шести шампионски трофеј во домашното првенство, што претставувало рекорд во тоа време. Меѓутоа, успехот бил краткотраен бидејќи Кометал го напуштил клубот по таа сезона. Потоа, Пелистер бил погоден од финансиски проблеми и се борел да го постигне истиот успех.
На 29 ноември 2019 година бил потпишан договор за заедничко сопствеништво помеѓу сопствениците на РК Еурофарм Работник (создаден во 2011 година чиј сопственик бил Еурофарм) и РК Пелистер (чиј сопственик била општина Битола). Според договорот, РК Еурофарм Работник ќе го промени името во Еурофарм Пелистер, а оригиналниот РК Пелистер ќе го промени името во Еурофарм Пелистер 2. Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе биде развоен клуб исполнет со млади ракометни играчи од Битола и цела Македонија. Комбинацијата на силен спонзор и спортски бренд познат низ поранешна Југославија целосно се оствари преку договорот со градската администрација во 2020 година. Еурофарм Пелистер веќе ја надмина домашната рамка, играше во ЕХФ Лигата на шампионите и постави контури на тим кој може да ги врати трофеите во арената „Боро Чурлевски“. Ова било официјално остварено во мај 2023 година, кога клубот бил крунисан за шампион на Македонската Суперлига по прв пат по 18 години.
Последната титула во македонскиот шампионат, Еурофарм Пелистер ја освоил на 8 јуни 2025 година откако во последното коло за сезоната 2024-25 го совлада директниот конкурент РК Вардар 1961 со 30-32 во салата Јане Сандански во Скопје.
Remove ads
Состав
- Состав за сезоната 2025/26.
|
|
Стручен штаб
Управа
Remove ads
Успеси
- Суперкуп на Македонија (3) Победник
: 2021, 2022 и 2025
- Македонска Ракометна Супер Лига (9) Победник
: 1993, 1994, 1996, 1998, 2000, 2005, 2023, 2024 и 2025.
- Македонска Републичка Лига (СФР Југославија) (8) Победник
: 1961, 1966, 1968, 1969, 1970, 1971, 1979 и 1981.
- Куп на Македонија (5) Победник
: 1994, 1996, 1998, 1999 и 2005.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads