РК Работнички

македонски ракометен клуб From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

РК Работнички - ракометен клуб од Скопје. Клубот се натпреварува во Супер лигата. Клубот своите домашни натпревари ги игра во Спортско рекреативниот центар Кале.

Кратки факти РК Работнички, Целосен назив ...
Кратки факти Активни оддели на ЖСД Работнички, Фудбал ...
Remove ads

Историја

Ракометниот клуб Работнички бил формиран во 1948 година. Работнички заедно со екипата на РК Пелистер претставуваат најстари ракометни клубови во Македонија. Се натпреварувал во Првата Југословенска лига, но подоцна западнал во тешки проблеми кои довеле до распад на клубот.

Во 2009 година клубот бил повторно активиран. Во август 2013 година, по повод 65 години постоење на клубот, за првпат во Скопје бил одржан ракомет на плажа во организација на РК Работнички и Град Скопје.[2][3] Во 2014 година, за идната сезона, клубот напреднал во Супер Лигата.[4] Во јули 2015, за новата сезона новиот претседател на клубот - Ристо Чокрев најавил поголеми засилувања при клубот би бил поголем конкурент во Супер Лигата.[5] Набргу потоа пристигнале новите засилувања меѓу кои и неколку репрезентативци.[6][7] Таа сезона 2015/16, Работнички стигнал до плејоф фазата и завршил на последното шесто место. Следната сезона, Работнички не освоил ниту еден натпревар во елитатата и отпаднал во Првата лига. Но Работнички во сезоната 2017/18 не пријавил екипа во вториот по ранг натпреваруња во Македонија. Во сезоната 2018/19, Работнички во Првата лига - Група 1 завршил на првото место и обезбедил пласман во Плејофот на Првата лига. Во Плејофот завршил како вицепрвак и добил право во баражот за унапредување кој го добил и бил унапреден повторно во Супер лигата.[8]

Remove ads

Успеси

  • Македонска републичка ракометна лига :
Првак (5):1950, 1954, 1956, 1958, 1963.
  • Куп на Македонија
Првак (2): 1960,1977.
  • Куп на Југославија :
Вицепрвак (1):1959/60.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads