Рабуш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рабуш[1][2] — средство за комуникација што се среќава кај најстарите народи во светот (Германците, Скитите, Скандинавците, Монголите, Словените, Кинезите, Египќаните и другите древни народи), а примитивните племиња во Кина, Африка, Австралија, Монголија го користат и денес.[3] Рабушите претставуваат парчиња дрво со разни облици, со должина од 20 см до 1 м, на кои се изгравирани ознаки со математички карактер слични на цртичка.[4] Се бележеле долгови, месеци, години, празници.[5]

Remove ads
Значење и улога на рабушот
Рабушот е едно од средствата со кои луѓето се служеле во меѓусебната комуникација за да направат нешто полесно да се запамети. Рабушот особено се користел во процесот на броење, пишување бројки, мерење на времето и означување на паричните побарувања.[6]
Историја
Се смета дека еден од најстарите примери за користење на рабуш датира од палеолитот. Во Стариот Рим, рабушите биле користени како потврди за плаќање даноци. Даноците во европските земји во средниот век се собирале и преку рабуши. Во Англија во 19 век, рабушите биле користени како докази на суд, а на Балканот оваа улога ја имале до крајот на 19 век. Траги од рабуши се присутни во различни епохи и различни цивилизации низ светот.[6]
Remove ads
Математичка писменост и рабуш
Математичката писменост започнува во моментот кога се јавува потреба некој детаљ од животот, некој настан или математичка ситуација да се направи траен, да се запамети и да се прикаже со одредени знаци. Овие симболи биле прикажани на различни мнемониски средства, меѓу кои посебно место зазема рабушот, како дрвена плочка на која со одредени врежувања луѓето впишувале бројки, зазема посебно место. Рабушот дава докази за тоа како луѓето од самиот почеток на цивилизацијата биле принудени да ја развиваат математиката и да ги користат нејзините резултати.[6]
Remove ads
Начини на користење

Рабушите имале различни намени и облици.
- За лична употреба (сточарски, кочијашки, лозарски, кметовски, рабуш како календар)[6]
- За спогодба на две или повеќе лица (пекарски, молерски, трговски, келнерски)[6]
Рабушите најчесто се користеле во пекарниците или продавниците на следниов начин: најчесто се користел стап, долг 30 до 60 см, се цепел по должина, до три четвртини од должината, за да не се расцепи последната четвртина. Подолгиот дел од расцепениот стап се вика квачка и најчесто останува кај оној што дава нешто на долг, а пократкиот дел кој не е расцепен се вика пиле и му припаѓа на тој што зема долг. Кога купувачот ќе земе производ на вересија, тој му го предава своето пиле на продавачот, а продавачот го става до својата квачка и прави засеци на него, односно бројот на производи што ги зема купувачот. Квачката и пилето се спојуваат при пресметката и мора да одговараат. Кога ќе се исплати долгот, квачката и пилето се кршат и се фрлаат в оган.[5]
Рабушки календар
Рабушот овозможувал да се мери времето на едноставен начин. Таквите рабуши биле наречени дрвени календари. На нив неписмени луѓе со засеци означувале месеци, недели и денови во годината. Мерењето време со рабуш е еден од најстарите начини за мерење на времето. Дрвените календари биле направени од дрво и имале 4 страни. На секоја страна биле бележени по три месеци.[6] Се споменуваат и рабуши календари во делото Робинзон Крусо од Даниел Дефо. Крусо објаснува како го бележел времето на пуст остров.
„ | На страните на квадратен столб секој ден правев засек со нож, а секој седми засекот беше двапати поголем од останатите, како и засекот за секој први во месецот; така го водев календарот, односно неделен, месечен и годишен запис на времето[7] | “ |
Верски празници
На дрвени календари се бележеле верските и други празници. Со знакот + се означувала недела и празник, а правата линија (|) означувал ден без празник. Пример за ваков календар е календарот на Милован Гавац од 1930 година кој денес се чува во Етнографскиот музеј во Загреб.
Рабуши во германското јазично подрачје
Во германското јазично подрачје широко се распространети посебни облици на рабуш (холц-календари), слични на рабушките календари. Најстариот е зачуван во Државниот етнографски музеј во Берлин, кој датира од 1441 година.[5]
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads