Радеша
село во Косово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Радеша (албански: Radeshë или Radesha; српски: Радеша) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот округ, јужно Косово.[1] Населението брои 779 жители (2024). Селото е претежно горанско
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Гора, во северозападните пазуви на Шар Планина, на надморска височина од 1.350 м.
Историја
Селото за прв пат се споменува како селиште во грамота на царот Стефан Душан од 1348-1352 година, издадена од манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ во Призрен. Според истражувања на Иван Јастребов, во селата Радеша и Лештане некогаш постоеле цркви.[2]
Во 1900 година, Васил К’нчов ја забележал Радеша како македонско-муслиманско село во областа Гора со 100 куќи.[3]
Според Стефан Младенов во 1916 г. Радеша (Ра̀деша) било македонско село со 90 куќи.[4]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев ја забележал Радеша како македонско село.[5]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 јужнословенски муслимани (Горанци).[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
- Амбуланта
Културни и природни знаменитости
Џамии
- Џамија во Долно Маало — селска џамија во Долно Маало;
- Џамија во Горно Маало — селска џамија во Горно Маало; и
- Џамија во Хоџино Маало — селска џамија во Хоџино Маало.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads