Радиопримопредавател

From Wikipedia, the free encyclopedia

Радиопримопредавател
Remove ads

Радиопримопредавателелектронски уред кој се состои од радиопредавател и радиоприемник. Вообичаено неговата излезна моќност е под 100 W, а се применува за комуникација преку радиобранови.

Thumb
Радиопримопредавател

Користењето на одвоен радиопредавател и приемник на едно место се покажало непрактично веќе во почетокот на XX век, па се пристапило кон изработка на комбинирани уреди во вид на радиопримопредаватели.

Според конструкцијата може да се поделат на интегрирани и неинтегрирани. Интегрираните имаат одредени заеднички кола за приемникот и предавателот и се наоѓаат во една кутија. Неинтегрираните имаат посебни блокови за приемникот и предавателот, поврзани во заедничко куќиште, а се изработуваат така што откажувањето на едниот уред не влијае на работата на другиот.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads