Радиопредавател

From Wikipedia, the free encyclopedia

Радиопредавател
Remove ads

Радиопредавател — електронски уред што генерира електрични осцилации со висока честота, ги засилува и модулира со корисниот сигнал на информација и преку антена зрачи во слободниот простор.

Thumb
Надзорен панел на радиопредавател со ФМ (честотна модулација)

Мал дел од таа емитувана енергија се прима во радиоприемникот, кој ја претвора во корисен сигнал на информацијата.

Радиопредавателот се нарекува и радиостаница, иако обично се смета дека радиостаница е установа која ја емитува содржината (забавно-информативна програма).

Remove ads

Поделба

Според подвижноста се делат на:

  • преносни,
  • превозни, и
  • стационарни

Според честотниот опсег на:

  • нискочестотен,
  • средночестотен,
  • високочестотен,
  • многу високочестотен, и
  • ултрависокочестотен

Според излезната снага се делат на:

  • мали (до 100 W),
  • средни (до 1000 W), и
  • големи (над 1000 W)

Според видот на модулација се делат на предаватели со:

Делови

Секој радиопредавател се состои од повеќе делови. Основните се: степен за генерирање на осцилации на работната честота, степен за засилување на високочестотната (ВФ) моќност, антенски степен, и модулациски степен (модулатор)

Степенот за генерирање на осцилации на работната честота се заснова на електронски осцилатор кој може да има различни конструкции. Најчесто тие се кристални осцилатори (користат кристал на кварц) и осцилатори со осцилаторни кола.

Степените за засилување на ВФ моќноста обично работат во Б или Ц класата, затоа што степенот на изобличување не е битен, туку битна е моќноста. Во класата Ц една излезна полупериода на сигналот потполно се отсекува. За да се врати брановиот облик, во излезното коло на тој степен се наоѓа осцилаторно коло, кое осцилира на потребната честота примајќи енергија од засилувачот на секоја втора полупериода.

Антенскиот степен има задача да го прими засилениот и веќе модулираниот ВФ сигнал, да ја адаптира импедансата на излезниот степен на предавателот на антената, и преку антената да го зрачи сигналот на информацијата во околниот простор.

Модулаторскиот степен служи за вметнување на корисниот сигнал на информацијата во носечката честота на предавателот. Самиот начин на работа зависи од конструкцијата и видот на модулација. При едноставната амплитудна модулација, можно е да се менува амплитудата (големината) на излезниот ВФ сигнал со промена на напонот на колекторот/анодата на излезниот степен на предавателот. Таквата модулација се нарекува колекторска или анодна модулација, во зависност од излезниот елемент (транзистор или електронска цевка)

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads