Радиоспектар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Радиоспектар
Remove ads

Радиоспектар (радиочестотен спектар, радиофреквенциски спектар или РФ-спектар) — дел од електромагнетниот спектар што соодветствува на радиочестоти, т.е. оние пониски од 300 GHz (бранови должини над 1 мм).

Thumb
План за намена на радиочестотните опсези на РМ на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија (АЕК)

Разни делови од радиоспектарот се користат за разни видови на предавање и имаат различни примени. Радиоспектарот го регулира државната управа и издава одобренија за негово користење на мобилни оператори, ТВ станици и др. Во Република Македонија за ова е надлежна Агенцијата за електронски комуникации на РМ.[1] Опсезите на доделените честоти имаат свои доделени имиња (на пр. спетар на мобилна телефонија, телевизиски спектар итн).

Remove ads

Радиопојаси

Појас (радиочестотен опсег) е мал дел од спектарот на радиочестоти, каде каналите се користат за иста намена.

Кај честотите над 300 GHz, Земјината атмосфера е практично непробојна за електромагнетните зраци сè до инфрацрвените и оптичките честотни опсези, кога е повторно проодна.

За да се избегнат пречки и да се добие ефикасно искористување на радиоспектарот, секој појас се пополнува со слични предаватели. На пример, радиотелевизиските емитувачи, мобилни радиостаници и навигационите уреди добиваат сосем различни опсези што немаат никаков меѓусебен преклоп.

Секој од појасите има основен план кој диктира како појасот треба да се користи и споделува, сè со цел да се избегнат меѓусебни пречки, но и за да се овозможи уврдувањето на протокол за складност на предавателите и приемниците.

По договор, појасите се поделени на бранови должини од по 10n метри, т.е. честоти од 3×10n херци. На пример, 30 MHz или 10 m ги дели ниските, подолги честоти од VHF, кои се пократки и повисоки. Ова се делови од радиоспектарот, а не неговата нечестотна распределба.

Повеќе информации Име на поајсот, Крат. ...

МТУ

Радиопојасите на МТУ се предназнаки утврдени во Прописите за радиоемитување на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) со Член 2, одредба бр. 2.1, каде се распределени девет појаси, означени со цели броеви по нагорен редослед, во согласност со наведената табела[2]".

Повеќе информации Бр. на појас, Симболи ...

† Оваа колона не фигурира во табелата на Одредбата бр. 2.1 на Прописите за радиоемитување

Повеќе информации Појас, Чест. опсег ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads