Радое Домановиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Радое Домановиќ (Овсиште кај Топола, 16 февруари 1873 - 17 август 1908 Белград) — најистакнат писател на сатирични приказни во епоха на реализмот во српската книжевност.
Кога го завршил филолошкиот факултет на Високата школа во Белград, работел како професор по српски јазик и книжевност и историја. Политички бил активен како писател и публицист, соработник на опозициските весници.
Неговата професорска работа е типична за напреден интелектуалец во тоа време: постојано е отпуштан од работа, преместуван е од едно на друго место, за на крај да заврши како коректор на државните весници. Припаѓал на боемскиот круг со Милован Глишиќ и Јанко Веселиновиќ. Пред крај на неговиот живот, длабоко разочаран, живеел во тешка положба, во беда и немаштија, и умрел напуштен и очаен.
Remove ads
Дела
За животот објавил Приказни (1899), потоа Чича Мита од народот, Прекинување на страстите и останати приказни (1902), Кралевиќ Марко по вторпат меѓу Србите, Данга, Водач (1902), Три приказни за младината (1903) и Приказни (1905).
Негови најзначајни дела се:
- Страдија
- Данга
- Водач
- Кралевиќ Марко по вторпат меѓу Србите
- Размислување на еден обичен српски вол
- Мртво море
- Прекинување на страстите
Надворешни врски
- Собрани раскази на Радое Домановиќ Архивирано на 25 ноември 2018 г. (срп.) (мак.)
- Приказна „Водач“ (мак.)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads