Разорена планета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во астрономијата, разорена планета е планета или вонсончева планета или, нешто малку помало како, планетезимал, месечина, егзомесечина или астероид кој бил разорен или уништен од некое блиско астрономско тело, астрономско тело во минување или објект како ѕвезда.[1][2] Некропланетологијата е наука која ги проучува ваквите процеси.[3][4] По таквото разорување може да се создаде голема количина на гас, прашина и карпести делови,[5] кои можат да ја опкружат матичната ѕвезда и да формираат околуѕвезден диск или диск од остатоци. Како последица на тоа, остатоците кои орбитираат може да образуваат „ нерамномерен прстен од прашина“, кој предизвикува непредвидливи светлосни флуктуации во сјајноста на матичната ѕвезда. Исто се смета дека може да е причинител на чудно треперливите кривини на светлината поврзани со ѕвездената светлина забележана кај одредени променливи ѕвезди, како на пример Табиевата Ѕвезда (KIC 8462852), RZ Piscium и WD 1145+017.[3][4] Кај таквите ѕвезди може да се забележи прекумерно инфрацрвено зрачење,[6] што само по себе наведува дека прашина и други остатоци можеби кружат околу ѕвездите.[5][7][8][9]

Remove ads
Примери
Планети
Примери од планети или нивни остатоци, за кои се смета дека се разорени планети или дел од такви планети, се: „Оумуамуа [10] и WD 1145+017 b, како и астероидите,[11] врелите јупитери [12] и оние што се сметаат за претпоставени планети, како што се Петтата планета, Фаетон, планетата V и Теја.
Ѕвезди
Примери на матични ѕвезди, за кои се верува дека предизвикале разорување на планета, се: EPIC 204278916, Табиевата Ѕвезда (KIC 8462852), ПДС 110, RZ Piscium, WD 1145+017 и 47 Голема Мечка .

Remove ads
Светлинска крива на Табиевата Ѕвезда
Табиевата Ѕвезда (KIC 8462852) е ѕвезда од главната низа од типот F која има необични светлосни флуктуации, како што е и до 22%-то намалување на светлината.[13] Поставени се неколку хипотези за да се објаснат овие неправилни промени, но досега ниту една не ги објаснува во целост сите аспекти на кривата. Едно од објаснувањата е дека „нерамномерен прстен од прашина“ кружи околу Табиевата Ѕвезда.[14][15] Но, во септември 2019 година, астрономите објавиле дека забележаните затемнувања на ѕвездата на Таби може да се предизвикани од фрагменти кои се резултат од разорување на напуштена егзомесечината.[16][17]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads