Теја (планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Теја — претпоставена планета од раниот Сончев Систем, која, според претпоставката за џиновски удар, се судрила со Земјата пред околу 4,5 милијарди години, при што исфрлениот материјал повторно се групирал и ја создал Месечината.[1]

Освен за објаснување за настанокот на Земјиниот природен сателит, хипотезата за Теја може да даде одговор и зошто јадрото на Земјата е поголемо од она што би се очекувало за тело со толкава големина; јадрото и обвивката на Теја се измешале со Земјата.[2]
Според една верзија од хипотезата, Теја бил Земјин тројанец со големина на Марс, со пречник од околу 6.102 км. Дополнителните докази објавени во 2019 година наведуваат дека Теја може да се формирала во надворешниот дел од Сончевиот Систем, наместо во неговиот внатрешен дел, и дека голем дел од водата на Земјата потекнува од Теја.[3]
Remove ads
Име
Теја го добила името по титанката Теја, која во грчката митологија била мајка на Селена, божицата на Месечината,[4] што се совпаѓа со судирот на Теја со Земјата по кој се претпоставува дека настанала Месечината.[5]
Орбита
Се смета дека Теја била во орбитата во конфигурацијата L4 или L5 што ја има системот Земја-Сонце, каде што се стремела да остане. Во таков случај, планетата би пораснала, веројатно до големина споредлива со Марс. Гравитациските растројувана од Венера евентуално би можеле да предизвикаат судирот со Земја.
Судир

Според хипотезата за џиновски удар, Теја орбитирала околу Сонцето, речиси по орбитата на прото-Земјата, останувајќи во близина на една од двете постабилни Лагранжови точки од системот Сонце-Земја (т.е. или L4 или L5).[6] На крајот Теја била растроена од гравитациското влијание на Јупитер и/или Венера, по што следело судир на Теја со Земјата.[се бара извор]
Преку компјутерските симулации се заклучило дека Теја патувала со брзина не поголема од 4 km/s кога се судрила со Земјата под проценет агол од 45 степени.
Прво се претпоставувало дека сударот на Теја со Земјата бил страничен (би се промашиле за малку), со што се исфрлиле многу парчиња и од Протоземјата и од Теја, а тие парчиња или формирале едно тело од кое настанала Месечината или се создале две месечини кои потоа се споиле во Месечината.[7] Со овие извештаи се претпоставуваа дека ако Теја удрила директно во Протоземјата и двете планети би биле уништена, при што би се создал краткотраен втор астероиден појас помеѓу орбитите на Венера и Марс.
Сепак, доказите објавени во јануари 2016 година укажуваат дека ударот бил директен судир и дека остатоци од Теја можат да се најдат и на Земјата и на Месечината.[8][9]
Претпоставки
Од почетокот на модерната астрономија, постојат најмалку четири претпоставки за настанувањето на Месечината:
- Едно тело се поделило на Земја и Месечина
- Месечината била заробена од Земјината гравитација (исто како што биле заробени поголем дел од помалите месечини на надворешните планети)
- Земјата и Месечината се формирале во исто време кога протопланетарниот диск почнал да се насобира
- Погоре опишаниот судар со Теја.
Примероците од месечеви карпи кои ги донесле астронаутите на Аполо, по состав се многу слични во составот на Земјината кора и затоа веројатно биле откинати од Земјата во некој судар.[10][11][12]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads