Рамиз Мерко
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рамиз Мерко (12 април 1957 во Струга) — македонски политичар од албанска народност, од редовите на ДУИ. Мерко бил градоначалник на Општина Струга во периодот 2005–2013, а бил и пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот 2014–2016.[1]
Во 2017 бил избран за министер без ресор во владата на Зоран Заев. Освен државни функции, Мерко ја обавувал и партиската функција претседател на огранокот на ДУИ во Струга.[2] Додека бил професор на универзитетот во Струга во 2016, државниот просветен инспекторат утврдил дека Мерко работел со невалидна диплома за докторски студии, но не покренал кривична постапка.[3]
На локалните избори во 2017 го победил својот противкандидат од редовите на Алијанса за Албанците Зијадин Села, станувајќи по третпат градоначалник на Општина Струга.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads