Море
голема и солена водена маса From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Море — водна повшина на Земјата, која е во меѓусебна врска со останати водни површини еднакви или слични по физичките и хемиските својства. Морињата припаѓаат на четири океана: Атлантски, Индиски, Тихи и Северноледен. Морињата можат да бидат средоземни (помеѓу континентите), внатрешни (во континентите), рабни (кои ги следат рабовите на континентите) и затворени (самостојни и неповрзани целини). Најголемиот број на мориња припаѓаат на рабната група.

Remove ads
Список на морињата поделени по океани
Тихи Океан

- Берингово Море
- Алјаски Залив
- Калифорниски Залив (или Кортесово Море)
- Охотско Море
- Јапонско Море
- Источнокинеско Море
- Јужнокинеско Море
- Сулуско Море
- Целебеско Море
- Бохолско Море
- Филипинско Море
- Флореско Море
- Бандско Море
- Арафурско Море
- Тиморско Море
- Тасманово Море
- Жолто Море
- Корално Море
- Карпентариски Залив
- Росово Море
Северноледен Океан
Атлантски Океан
Индиски Океан
Затворени мориња
- Аралско Езеро
- Касписко Море
- Мртво Море
- Галилејско Море
- Салтонско Море
Remove ads
Вонземски мориња
Месечево Море е огромна базалтна рамнина на Месечината кое старите астрономи ја сметале за море од водена маса, па затоа и ја нарекле море.
Се претпоставува дека има течна вода под површината на некој од сателитите од кој е најзначајна Европа.
Наука
Поимот „море“ се користи и во квантната физика. Дираково море кое е толкување за негативната енергија која ја содржи вакуумот.
Морето како тема во уметноста и во популарната култура
Морето се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура.
Морето како тема во книжевноста
- „Две мориња“ — краток расказ на македонскиот писател Стефан Алијевиќ.[1]
- „На море“ (српски: На мору) - песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1921 година.[2]
- „На море“ (српски: На мору) - песна на во Андриќ од 1922 година.[3]
- „Три морски волка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
- „Морето и боите“ — песна за деца на Григор Витез.[5]
- „Тишина на море“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
- „Возење по морето“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[7]
- „Море“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[8]
- „Крвта и морето“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[9]
- „Мрачното море“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[10]
- „Аџија на море“ - роман на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1962 година.[11]
- „Балада за морската вода“ (шпански: La balada del aaqua dela mar) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1919 година.[12]
- „Два морнара на брегот“ (шпански: Dos marinos en la orilla) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[13]
- „Море“ — песна на српскиот поет Душан Матиќ.[14]
- „Море“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[15]
- „Море за работници“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[16]
- „Зад морето“ (српски: Iza mora)- песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[17]
- „Се разбранува морето“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[18]
- „Птицата, морето детето...“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[19]
- „На морето“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[20]
- „Живото и мртвото море“ - збирка раскази на полскиот писател Адолф Рудницки од 1953 година.[21]
- „Море“ - песна на рускиот поет Дмитриј Соколов.[22]
- „Поздрав на морето“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[23]
- „Морска привид“ - песна на Хајнрих Хајне.[24]
Морето како тема во филмот
- „Одиме на море“ (Pojedeme k moři) - чешки филм од 2014 година, во режија на Јиржи Мадл.[25]
Морето како тема во музиката
- „Море“ (француски: La Mer) - оркестарска композиција на францускиот композитор Клод Дебиси (Claude Debussy).[26]
- „Кортесово Море“ (англиски: Sea Of Cortez) — песна на американската рок-група Green On Red од 1985 година.[27]
- „Виновно е морето“ (српскохрватски: Krivo je more) - песна на југословенската рок-група Дивље јагоде (Divlje Jagode) од 1978 година.[28]
- „Море“ — песна на српската рок-група YU Grupa од 1973 година.[29]
- „Море бр. 2“ (More No. 2) — песна на YU Grupa од 1974 година.[30]
- „Морско чудовиште“ (англиски: Seabeast) - песна на американската хеви-метал група Мастодон (Mastodon) од 2004 година.[31]
- „Корално Море“ (англиски: The Choral Sea) - песна на новозеландската рок-група Сплит енз (Split enz) од 1980 година.[32]
- „Стоејќи крај морето“ (англиски: Standing By The Sea) - песна на американската хардкор панк група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1984 година.[33]
- „Крај морето“ (англиски: Down at the sea) - песна на американската рок-група Бит хепенинг (Beat Happening) од 1985 година.[34]
- „Длабоко сино море“ (англиски: Deep Blue Sea) - песна на американскиот блуз музичар Џон Ли Хукер (John Lee Hooker) од 1995 година.[35]
- „Во авионот над морето“ (англиски: In The Aeroplane Over The Sea) - албум на американска рок-група Њутрал милк хотел (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[36]
- „О, море, голтни ме!“ - песна на македонската музичка група Анастасија од 1998 година.[37]
- „Море“ - песна на хрватската поп-пејачка Мери Цетиниќ од 2001 година.[38]
- „Малку море на мојата дланка“ (хрватски: Malo mora na mom dlanu) - песна на хрватската поп-пејачка Мери Цетиниќ.[39]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads