Растително ткиво

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Во текот на филогенезата на растенијата, растителните ткива се јавуваат подоцна како ниво на биолошката организација. Всушност, тие се јавуваат во оној дел од еволуцијата кога растенијата преминуваат од живот во водена средина во копнена. Растителните ткива кај скриеносемените растенија се еволутивно најусовршени.

Растителните ткива се класифицирани во две групи: творни (меристемски) и трајни.

Remove ads

Творни ткива

Thumb
Слика на коренов врв на 10x микроскопско зголемување:
1 - центар
2 - калиптроген (живи клетки на кореновиот врв)
3 - коренова капа
4 - Откинати мртви клетки од кореновиот врв
5 - прокамбиум

Клетките од творните (меристемски) ткива постојано се делат и ги создаваат трајните ткива. Исто така, творните ткива содржат група од клетки, наречени првични, кои ја задржуваат способноста за постојана делба, при тоа одржувајќи го континуитетот на творното ткиво. Има неколку видови на творни ткива:

Табела: Творни ткива - особини

Вид на творно ткивоПотекло, место и функција на творното ткиво
Примарно творно ткивопотекнува од ембрионалното ткиво
а) Врвно-апикално творно ткиво
- врвно стеблест
- врвно коренски
- во вегетативниот врв на стеблото
- растење на врвот на коренот
б) Вметнато (интеркаларно) творно ткивово нодиумите; растење на растението
в) Странично (латерално) творно ткивово перициклот во вид на прстен; растење на растението
Секундарно творно ткивоПотекнува од паренхимското ткиво, има способност за делба
а) КамбиумВо вид на прстен во коренот и стеблото; од него се диференцира секундарно дрво и секундарна кора; растење во широчина на растението
б) Фелогенсе наоѓа под кората; од него се диференцира трајното ткиво перидерм
в) Калусно ткивона повредени (ранени) места (затоа уште се нарекува и „трауматично творно ткиво“); заздравување на раните
Remove ads

Трајни (диференцирани) ткива

За разлика од творните, трајните или диференцираните ткива се создаваат од творното. По диференцирањето, клетките од трајните ткива добиваат специфична одредена функција која ќе ја извршуваат во текот на целиот живот на растението. Само одредени трајни ткива (како паренхимот) ја задржуваат способноста за делба, па од нив се создаваат секундарни трајни ткива. Подолу се дадени одликите на разноличните диференцирани ткива.

Паренхим

Паренхимските ткива заземаат најголем дел од растителното тело. Тие ја исполнуваат внатрешноста на секој орган и меѓу нив се сместени другите ткива. Филогенетски гледано, тие се најстарите ткива во растенијата. Диференцирањето (оспособувањето за одредена функција) на паренхимските клетки зависи од улогата што ја имаат во организмот. Според функционалната активност, паренхимските ткива се поделени на:

Табела: Паренхимски трајни ткива - особини

Вид на трајното (диференцирано) ткивоПотекло, место и функција на трајното ткиво
Паренхимско ткиво (паренхим)се состои од живи клетки со малку цитоплазма, многу хлоропласти, тенки клеточни ѕидови, со меѓуклеточни простори
a) основен паренхимизодијаметрични, издолжени клетки; основно градбено ткиво во растението
б) паренхим за складирањевидови: шеќерен; маслоносен; белковински; водоносен
в) паренхим за фотосинтезафотосинтеза; палисадно ткиво - цилиндрични клетки, густо збиени, богати со хлоропласти (хлоренхим), под горниот епидермис на листот
г) асимилационен паренхимтранспирација во мезофилот; сунѓересто ткиво - клетките се овално-округли со големи меѓуклеточни простори низ кои циркулираат гасови и водена пареа
д) спроводен паренхимиздолжени клетки, меѓусебно поврзани; спроведува хранливи материи на кратко растојание
ѓ) апсорпционен паренхимиздолжени клетки со продолжетоци и тенки клеточни ѕидови; апсорпција на вода и минерални соли
е) воздухоносен паренхим (аеренхим)богато ткиво со меѓуклеточни простори за транспорт и складирање на воздух

Покривни ткива

Thumb
Напречен пресек на стебло од лен, покажувајќи ги ткивата. Ep = епидермис; C = кора; BF = склеренхимски влакна; P = флоем; X = ксилем; Pi = срцевина.

Покривните трајни ткива се еден вид кожа на растенијата, што ги заштитува внатрешните ткива од механички повреди, прекумерно греење и испарување, навлегување на микроорганизми и слично. Според потеклото и местоположбата во растителното тело, разликуваме три вида на покривни ткива:

Табела: Покривни трајни ткива - особини

Вид на трајното (диференцирано) ткивоПотекло, место и функција на трајното ткиво
Епидермис (примарно покривно ткиво)- клетките се густо збиени со израстоци во вид на запци кои навлегуваат едни во други
- еднослоен, со кутикула и/или трихоми
заштитна функција
а) стомин апарат- две високодиференцирани клетки со хлоропласти ја градат стомата
транспирација и размена на гасови
Перидермис (секундарно покривно ткиво)- настанува од фелогенот
- густо збиени издолжени клетки во неколку реда, кои секундарно се задебелуваат
заштита на стеблата и корењата
a) лентицели (леќички)- постојано отворени отвори на стеблото
- изградени од растресит паренхим
- размена на гасови и транспирација
Мртва кора (терциерен епидермис или терциерно покривно ткиво)- изумрени површински клетки (мртва кора кај дрвенести многугодишни растенија)
- повеќепати се создава од фелогенот
заштита од сушење и механичка заштита (од животни)

Механички ткива

Механичките ткива на растенијата им даваат цврстина и еластичност, бидејќи во растителното тело образуваат еден вид на скелет кој овозможува растенијата да се спротивстават на механичките дејства на факторите во животната средина. Функцијата на механичките ткива произлегува од градбата и распоредот на механичките елементи. Има два вида механички ткива:

Табела: Механички трајни ткива - особини

Вид на трајното (диференцирано) ткивоПотекло, место и функција на трајното ткиво
Механичко ткиво- густо збиени клетки една до друга, без меѓуклеточни простори со задебелени клеточни ѕидови
- формираат скелет на растението
а) коленхим- многуаголни издолжени живи клетки со нерамномерно задебелени ѕидови
- имаат хлоропласти
- дваат цврстина и еластичност
б) склеренхимизградено од различни типови на клетки
склеренхимски влакна- мртви клетки со рамномерно задебелени клеточни ѕидови
- издолжени со заострени краеви
- даваат цврстина и отпорност, растегнување и свиткување
склеренхимски клетки- мртви многуаголни клетки, силно задебелени

Ткива за лачење

Thumb
Флоем.

Ткивата за лачење кај растенијата (секреторно-екскреторни ткива) излачуваат или екскретираат најразлични секрети (хормони, ензими и слично) или екскрети (непотребни материи).

Спроводни ткива

Спроводните ткива, како што кажува и нивното име, служат за транспорт на органски и неоргански материи низ растителното тело. Има два типа на спроводни елементи: ксилем, кој ги транспортира водата и неорганските материи до листот и другите делови, и флоем, кој врши транспорт на асимилатите од фотосинтезата од листот до целото растение.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads