Водена пареа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Водена пареа
Remove ads

Водена пареагасна состојба на водата. Претставува една од агрегатните состојби на водата во хидросферата. Водената пареа се создава со испарување или со вриење на течна вода, или пак по пат на сублимација на мразот. За разлика од другите облици на водата, водената пареа е невидлива.[4] Под типични атмосферски услови, испарувањето постојано создава водена пареа и истата постојано се губи со кондензација. Бидејќи е полесна од воздухот, водената пареа предизвикува струење на воздушните струења, што доведува до настанок на облаци.

Повеќе информации Водена пареа (H2O), Својства ...
Thumb
Издигајќи се, водената пареа се лади и се кондензира во капкички

За големата застапеност на водената пареа како состојка сведочи фактот што таа е присутна дури и во атмосферата Сонцето и секоја планета во Сончевиот Систем, но и во многу астрономски објекти како природни сателити, комети, па дури и големи астероиди. Ова веројатно важи и за другите сончеви системи. Нејзината важност во астрофизиката е голема, бидејќи нејзиното присуство може да укажува на присуството на течна вода, а со тоа и на вонземски живот.

Како состојка на Земјината хидросфера и кругот на водата, водената пареа е особено застапена во Земјината атмосфера и претставува моќен стакленички гас заедно со други гасови како јаглерод диоксидот и метанит.

Пареата е значајна за луѓето поради нејзината употреба за приготвување на храната, во енергетиката и превозните средства уште од измислувањето на парната машина за време на Индустриската револуција.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads