Ратевски бамбурци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ратевски бамбурци — манифестација во селото Ратево, Малешевија, која се одржува на 20 јануари (Свети Јован Крстител), кога жителите се маскираат и дефилираат низ селото со маски направени од животински кожи.[1]

Бамбурците се симбол на селото, за чиј настан се верува дека постои од првите жители на селото Ратево.
Потекло на поимот
Селаните за името „бамбурци“ сметаат дека најверојатно е некоја варијанта на името „бабари“, додека постарите жители велат дека првиот термин за маскираните поворки бил „русалије“.[1]
Подготовка
Подготовката на маските се правела во посебно одредени простории и посебни дружини, најчесто во периодот на некрстени денови, односно од Божиќ до Водици.[1]
Учесниците најчество подготвуваат костуми од животински кожи, овчи или козји. Покрај шиењето на кожите, се собираат и рогови, ѕвонци и клопотарци.[1] Кожите се обработуваат со сол, а подоцна се оставаат да се исушат. Подготовката на кожите трае околу две недели, а дел од нив се тешки и до 70 килограми.[2]
Remove ads
Одржување
Бамбурците имаат пагански елементи, но се одржуваат на празникот Свети Јован Крстител (20 јануари) секоја година. Поворките излегуваат маскирани на мегданот и по одреден ред ги извршуваат обредните елементи.[1]
Покрај локалниот карактер, манифестација вклучува и дефиле на групни маски од други градови во Македонија, а во последните години е посетен и од групи од соседните држави.[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads