Ратево
село во Општина Берово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ратево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од Беровското Езеро (нарекувано и Ратевско Езеро).[2] Селото е ридско, на надморска височина од 860 метри. Од градот Берово е оддалечено 7 километри.[2]
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.843 хектари, на шумите отпаѓаат 1.205 хектари, а на пасиштата 836 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Ратево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 20 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратево имало 630 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратево имало 640 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[6]
Селото е големо, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото имало 1.229 жители, од кои 1.176 биле Македонци, a 53 жители биле Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 910 жители, од кои 905 Македонци и 5 Роми.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 844 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 630 жители, од кои 612 Македонци и 18 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Амбуланта
- Културен дом
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ратево, во која единствено село било Ратево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Ратево се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Смојмирово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0013 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 664 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[16]
- Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време;
- Градиште II — градиште од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Жизница — населба од доцноантичкото време;
- Манастир — старохристијанска базилика; и
- Слатина — могила од доцноантичкото време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Петар и Павле“ — главна селска црква
- Бисти
- Биста на Ефтим Папалиски
- Биста на Ефтим Крстовски
- Реки[18]
- Ратевска Река — река која поминува низ самото село
Remove ads
Редовни настани
- Ратевски бамбурци (20 јануари) — жителите се маскираат со маски направени од животински кожи; карневалот има вековна традиција која се одржала до денес, со идеја маските и звукот од прапорците да ги избркаат лошите духови.[19]
- Павловден (13 јули) — главна селска слава
- Илинден (2 август) — црковно-народен собир
- Голема Богородица (28 август) — црковно-народен собир
Галерија
- Марка на Македонска Пошта со традиционална куќа од Ратево
- Поглед на Ратевска Река под селото
- Пилана на влезот во селото
- Селските гробишта сместени на влезот во селото
- Поглед на селото
- Сретселото во Ратево
- Биста на Ефтим Папалиски
- Биста на Ефтим Крстовски
- Културниот дом во селото
- Поглед на Аврамови Колиби, дел од селото, сместено покрај патот Берово-Струмица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads