Рача (Велестово)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рача — археолошко наоѓалиште во охридското село Велестово. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна некропола. Се наоѓа на 2 км југоисточно од Охрид, лево од патот за Св. Наум, во долината што се протега на исток, во правецот на селото Велестово. Овде, во бавчата на еден жител се откриени остатоци од градба ѕидана од кршен камен и варов малтер, а по површината има фрагменти од покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Во источниот крај на наоѓалиштето, со обработувањето на нивата еден жител открил гробови градени од камени плочи, во кои нашол коски и неколку монети.[1]
Remove ads
Поврзано
- Богородица Пречиста — средновековна црква и некропола;
- Велестово — депо на монети;
- Кромидишта — средновековна црква и некропола;
- Селиште — средновековна црква и некропола;
- Стара Рача — средновековна црква.
- Велестово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads