Велестово

село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia

Велестовоmap
Remove ads

Велестово — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. Сместено е во пазувите на планината Галичица.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото се поврзува со древниот пагански словенски бог Велес.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото на Велестово

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, југоисточно од градот Охрид, на оддалеченост од 7 километри и припаѓа на неговата рурбална зона.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.080 метри, чиј атар се издига до сртот на планината Галичица, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.[3]

Remove ads

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 1.000 метри. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Елен Врв, Стара Рача, Глогон, Селиште, Горни Студенец, Корита, Калишта, Вар, Долни Вар, Кабре, Сливана, Високи Врв, Красје, Баљјак, Синадоец и Црско.[4]

Селото има два дела, поделено на Горно или Старо Велестово на височина од околу 1.000 метри и Долно или Ново Велестово, во долината Рача. Ново Велестово е основано по Втората светска војна од доселеници од Старо Велестово. Порано, во месноста Рача се наоѓале селските лозја. Растојанието помеѓу двата дела изнесува 2 километри.[4]

Велестово се граничи со селото Коњско на југ, со Рамне на север, со ресенските села Петрино и Евла на исток и со градот Охрид и Охридското Езеро на запад.[5]

Денес, Рача (Ново Велестово) претставува охридска населба, целосно одвоена од селото.

Remove ads

Од Охрид, селото Велестово е поврзано со асфалтиран пат.

Историја

Велестово спаѓа во старите охридски села. Најверојатно потекнува уште од средниот век. Името на селото е словенско и истоимено село се наоѓа во Црна Гора.[4]

Во селото се наоѓаат многу старини. Во месноста Долна Рача, пониско од денешното село, се наоѓаат 2-3 извори и има предание дека таму се наоѓало старото село. Таму се наоѓаат само гробови. Преданието тврди дека селото се поместило повисоко поради Турците. Тоа е месноста Селиште, над денешното село. И на оваа месност, селото не останало многу, бидејќи „имало ламја, која ги јадела луѓето“. На оваа месноста постоела црквата „Св. Богородица“.[4]

Во XIX век, Велестово било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Thumb
Селската чешма со спомен-плоча за НОБ

Селото има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 29,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.603,5 хектари, на шумите отпаѓаат 739,6 хектари, а на обработливото земјиште 425,4 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

До Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со сточарство и најмногу се одгледувале кози и овци. Стоката била напасувана на планината Галичица, во месностите Џафа и Асан Џура. Исто така, многумина оделе и да работат за други во Охридско и Битолско. Меѓутоа, сточарството денес е целосно напуштено. Многумина работат во самиот град или заминале на привремена работа во странство.[4]

Оние жители кои остануваат во селото преку целата година во најголем број се пензионери, а неколку жители се занимаваат и со овчарство.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 80 домаќинства и 245 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велестово живееле 560 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велестово имало 560 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велесто е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[9]

Remove ads

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[10]

Селото е големо и во 1961 година броело 1.020 жители, а во 1994 година 1.103 жители, македонско население.[3][11]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Велестово живееле 53 жители, сите Македонци.[12]

Изминативе дваесетина години поголем дел од сопствениците ги продавале своите ниви на луѓе кои ги привлекла убавината на селото. Новите куќи се користат повремено најчесто во летниот период. Мал број жители од 7-8 домаќинства постојано живеат во селото.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 889 жители, од кои 855 Македонци, 1 Албанец, 2 Власи, 2 останати и 29 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови

Велестово е многу старо македонско православно село, сите родови во селото се староседелски.[4]

Remove ads

Родови во селото се: Пазарковци, Климовци, Шаровци или Гаврановци, Анѓеловци, Шаптевци, Пупунцовци, Тупановци, Шиниковци, Богдановци, Џајковци, Маљуковци, Башевци, Јолевци, Мулазимовци, Балевци, Трифуновци, Цоцевци, Белевци, Милевци, Таневци, Думевци, Мишевци и Упарчевци.

Општествени установи

Thumb
Објект на Црвениот крст во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велестово, се наоѓале и селата Велгошти, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1296 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 145 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Манастири
Параклиси
  • Параклис „Св. Петка“
Спомен-плочи
Remove ads

Редовни настани

Слави[4]
Други
  • Ѓомлезијада — еден вид натпревар за најдоброто ѓомлезе

Личности

Родени во Велестово:

Култура и спорт

Секоја година тука се одржува поетски уметнички собир под отворено небо. Поетската ноќ во Велестово има и изложба на скулптури. До сега се одржани преку 20 средби.

Иселеништво

Постари иселеници од Велестово има во градот Охрид, како Масниовци, Талевци и Богдановци, како и во пониските охридски села: Велгошти (Белевци, 5 к.), Горно Лакочереј (Ангеловци, 3 к. и Јосмовци, 70 к.), Вапила (Климовци, 25 к.), Подмоље (Велестовци, 6 к.) и Горенци (Охридско) (Бургаз).[4]

По Втората светска војна, од селото се иселил голем број од населението.[4]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads