Рајко Аврамовски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рајко Аврамовски (Радиовце, 9 февруари 1914 - Радиовце, 2 ноември 1987 ) — македонски партизан, учесник во НОБ.[1]
Животопис
Аврамовски е роден на 9 февруари 1914 година во земјоделско земејство во тетовско Радиовце. Како млад родител, тој заминал на печалба во Белград, каде го затекнала војната. Веднаш зел учество во истата и бил испратен на Сремскиот фронт во Третата Војводинска ударна бригада. Бил заменик-командант со кодно име Папандреу. Бил ранет 11 пати, а рамото му страдало најмногу, кога бил ранет во јануари 1945 година, кај Питомача, Подравина. Како преживеан партизан, тој бил вработен во државна служба. Бил даночник во тогашната Општина Жеровјане, сè до пензионирањето. Умрел на старост од 73 години во родното Радиовце на 2 ноември 1987 година. Носител е на повеќе воени медали и ордени.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads