Рајнско-бершки округ

округ во Северна Рајна-Вестфалија, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Рајнско-бершки округmap
Remove ads

Рајнско-бершки Округ (германски: Rheinisch-Bergische Kreis) — округ во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се граничи со окрузите Горнобершки и Рајна-Зиг, како и самостојните градови Келн, Леверкузен, Золинген и Ремшајд.

Кратки факти Рајнско-бершки округ Rheinisch-Bergischer Kreis, Земја ...
Thumb
Поглед кон административен објект во Бершки Гладбах
Remove ads

Историја

Во средниот век, подрачјето на округот било во состав на Грофовијата Берг, од каде произлегува неговото денешно име.

Во 1816 г. целата Рајнска Област влегла во Прусија, а на оваа територија властите ги создале окрузите Виперфирт, Золинген, Ленеп, Милхајм и Опладен. Три години подоцна, Золинген и Опладен се споени во поголемиот округ Золинген. Во 1929 г. е создаден новиот Рајнско-вуперски округ, а неколку од општините влегле во веќе пораснатите градови Вупертал, Ремшајд и Золинген. Во 1932 г. се споени Милхајм и Виперфирт, образувајќи го Рајнско-бершкиот округ, кон кој во 1975 г. е придодадена и територијата на Рајнско-вуперскиот округ.

Remove ads

Географија

Округот го сочинува западниот дел на Бершкиот крај, на местото каде ридовите на Зауерланд се спуштаат во долината на Рајна.

Градови и општини

Thumb
Општини во Рајнско-бершкиот округ.
Повеќе информации Градови, Општини ...

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads