Ребека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ребека е американски филм (психолошко-драматичен трилер) од 1940 година, режиран од Алфред Хичкок, како прв негов американски проект и прв филм продуциран со договорот со Дејвид О. Селзник. Сценариото на филмот е адаптирано од Џоен Харисон и Роберт И. Шервуд, според истоимената новела на Филип Мекдоналд и Мичел Хоган од 1938 година.[1] Главните улоги ги играат: Лоренс Оливие (како аристократскиот вдовец, Максим де Винтер), Џоан Фонтејн (како неговата втора жена) и Џудит Андерсон (како куќната помошничка, госпоѓа Денверс).
Овој филм е готска приказна за бавната меморија на насловниот лик, за смртта на жената на Максим де Винтер, која продолжува да го прогонува, како и за неговата нова невеста. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, но совоил две, меѓу кои и Оскар за најдобар филм. Оливие, Фонтејн и Андерсон биле номинирани за „Оскар“ за нивните улоги. „Ребека“ е единствениот филм кој освоил „Оскар“ за најдобар филм, но не и за глума, режија или сценарио. „Ребека“ бил првиот прикажан филм на првото издание на Берлински интернационален филмски фестивал во 1951 година.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads