Повест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Повест или новела[1][2] (италијански: Novella) — кратко прозно дело подолго од расказот, а пократко од романот и вообичаено содржи меѓу 17 500 и 40 000 збора.[3][4]
Често фабулата на повестите се состои од исечок за нечиј живот, па така најчесто содржи само еден настан и само неколку ликови. Дејството се случува во релативно краток временски период и на релативно ограничен простор во однос на романот.
Поимот „новела“ е изведенка од италијанскиот збор novello, кој означува „ново“. Настанал во почетокот на ренесанса паралелно со романот во времето на секуларизацијата и десакрализацијата на книжевноста.
За прв автор на повести се смета Џовани Бокачо, кој собрал 100 вакви прозни форми раскажани од 10 раскажувачи (7 жени и 3 мажи) во збирката Декамерон.
Remove ads
Одлики
Повеста обично содржи помалку судири од романот, но сепак има посложени судири од расказот. Судирите, исто така, имаат повеќе време да се развиваат отколку во расказите. Повестите можат, но не мора да бидат поделени на поглавја (добри примери се Животинска фарма од Џорџ Орвел и Војна на световите од Х.Џ. Велс), а бел простор често се користи за поделба на секциите, нешто што е помалку вообичаено кај расказите. Повестите можат да бидат наменети да се прочитаат во едно седење, како и расказите, и на тој начин да произведат целосен ефект кај читателот.
Според Ворен Кариу, „повеста во целост не е формално експериментална како што можат да бидат долгите раскази и романите, а обично ѝ недостасуваат споредни заплети, повеќекратните гледишта и родовата прилагодливост што се вообичаени во романите. Најчесто се занимава со личниот и емоционалниот развој, а не со пошироката општествена сфера. Повеста обично задржува дел од единството на впечатокот што е одлика на расказот, но исто така содржи и многу развиена карактеризација и побогат опис“.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads