Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање е службен политички документ, со кој за првпат во историјата влијателната меѓународна организација признала постоењето на [белешка 1][белешка 2][белешка 3][белешка 4] македонска нација, македонска национална свест и македонски јазик [1][2].
Предуслови
Во јули 1923 година, ВМРО ги испратила Михаил Монев и Димитар Влахов во Москва на преговори со СССР и Коминтерната за поддршка на револуционерното движење во Македонија. Како резултат на овие прегови на 9 април 1924 во Виена претставниците на ВМРО, Петар Чаулев и Димитар Влахов, Соломон Голдштајн (Черски) претставник на СССР и Коминтерната, Никола Харлаков претставник на БКП и Филип Атанасов претставник на Македонската федеративна организација, потпишале декларација за соработка.
На 29 април 1924 година тројцата претставници на ЦК на ВМРО ја потпишале Декларација за обединувањето на македонското ослободително движење и присоединување на ВМРО кон балканксиот револуционерен фронт. На 30 април ЦК на ВМРО и ЦК на МФО го потпишале и Протокол за обединување на македонското револуционерно движење. Документите не требало да бидат објавени. Поради тоа ЦК на ВМРО решил преку манифест да објави за помирувањето во македонското револуционерно движење и принципите врз кое тоа е заосновано. Додека сè уште се разгледувал конечниот текст на манифестот, Александров заминувал за Лондон, а во негово отсуство го заменувал со право на советодавен глас Димитар Влахов. На 6 мај 1924 година во Виена бил потпишан мајскиот манифест на ВМРО од Александар Протогеров и Петар Чаулев, кои биле овластени да ги водат преговорите и да ја претставуваат организацијата. По неговото потпишување било одлучено тој да биде објавен.
Меѓутоа повлекувањето на Тодор Александров и неговото убиство го спречиле изградувањето на единствениот македонски фронт. Меѓутоа набргу била формирана ВМРО (Обединета). Таа била формирана врз основа на принципите на Мајскиот манифест на ВМРО, под влијание на Балканската комунистичка федерација и со поддршка на Коминтерната и македонските комунисти. Нејзе и се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Серска група , на бившиот Емигрантски комунистички сојуз, бившата Македонска федеративна организација и други групи. Незадоволни од прокомунистичката ориентација на раководството, една т.н национално - револуционерна група на членови: Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел Шатев и др., безуспешно се обиделе да се издвојат во одделна организација (Цариград, 1929). Постигнатото помирување со тие незадоволници останало само привидно.
Согласно своите интереси, Коминтерната продолжила да бара начини за придобивање на Македонците како сојузник [3]. Во 20-тите години на 20 век, македонските дејци имале јасна цел и програма, Павел Шатев јасно истакнал:
| „ | Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да може македонското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава... Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот... [4] | “ |
Во јуни 1931 година техничкиот секретар на Коминтерната а Ото Куусинен во својот извештај за националното прашање пред Извршниот комитет ја наведува како главна слабост на секциите на Коминтерната, недостаток на оценка на националното прашање. Како жив пример на таква грешка Куусинен ја истакнува замената на слоганот за: "правото на самоопределување на народите до одвојување" со чисто пропагандисткиот слоган за Балканска федерација на работничко-селските републики итн.[5] Куусинен ги повикува соодветните Комунистички партии да разговараат повторно за националното прашање со цел " изработката на нова национална програма" за секоја од партиите. Во меѓувреме, до балканските комунистички партии пристигнува директива за постепено напуштање на слоганот за Балканска федерација. На преден план се истакнува:
- " правото на народите на самоопределување до отцепување".
Со оваа директива, на Македонците им се признава правото за самоопределување што било искористено од страна на членовите на ВМРО (Обединета), да го постават прашањето за признавање на македонска нација. Учесникот во овие настани Михаил Сматракалев дели во 1947 година истакнува:
| „ | "... Оваа идеја за македонската нација, денес е вметната веќе научно, јасно и категорично, но не датира од 1941 година. Ова прашање не го поставија македонските партизани, Титовите партизани. Ова прашање го постави уште ВМРО (Обединета), во 1932 година. Вистина е дека кога се постави ова прашање ние кои го поддржувааме постоењето на македонската нација, бевме нарекувани "предавници", дури некои не нарекуваа "секташи" и т. н., меѓутоа, сепак, оваа идеја го најде својат пат, бидејќи е историски точна идеја, бидејќи со неа е вистината. И на крајот оваа идеја ја уништи со десетици години акумулирањето на великобугарско чувство... "[6] | “ |
Remove ads
Прием
Со овие мотиви на крајот на 1933 година Балканскиот секретаријат на Коминтерната решава да постави за разгледување на еден од состаноците македонското прашање. По спомени на присутниот на седницата Димитар Влахов - член на КПБ и ВМРО (об.), таму е решено да се довери подготовката на резолуција за прашањето на двајца Полјаци кои немале поим од оваа проблематика.[7] Со помош на Д. Влахов резолуцијата сепак била изготвена од 20 декември 1933 година до 7 јануари 1934 година и била одобрена од Политичкиот секретаријат на Коминтерната на 11 јануари 1934 година. Самата резолуција е усвоена од Извршниот комитет на Коминтерната во февруари 1934 година. Од Коминтерната одлуката за македонска нација се пренесува на ВМРО (Обединета) и во април 1934 година весник "Македонско дело" го објавило текстот на резолуцијата.[8] Во документот меѓу другото се вели:
| „ | "... Буржоазијата на доминантните нации во трите империалистически земји, меѓу кои е поделена Македонија, се обидува да прикрие националното угнетување, ги негира националните одлики на македонскиот народ и постоењето на македонска нација. Грчките шовинисти тврдат дека Македонците се словенизирани Грци, великосрпските шовинисти прогласуваат тоа население за едно од "племињата" на југословенската нација и го подложуваат на насилно посрбуване, а бугарските шовинисти, експлоатираат родството на македонскиот јазик со бугарскиот и велат дека Македонците се Бугари, и на тој начин сакаат да го оправдаат освојувањето на Петричко и анексионистичната политика во однос на цела Македонија... " | “ |
Македонските дејци, користејќи го правото на народите за самоопределување, започнуваат во весниците и литературата да го користат македонскиот јазик [белешка 5] кој сè уште не бил кодифициран. Така Васил Ивановски ја напишал статијата Зошто ние Македонците сме посебна нација издадена во декември 1934. Во 1935 година ВМРО (об.) ги поставила темелите на весник “Македонски вести”, редактиран от Ангел Динев во Софиja. Во него се истакнува: "Долу фалшивиот лозунг Македонски Бугари! Да живее нашата етнографскa идеja!" По забраната на ВМРО (об.) на иницијатива на Задграничното биро на КПБ во 1938 година бил формиран Македонскиот литературен кружок при редакцијата на весник "Македонски вести".[9]
Remove ads
Резолуцијата и големобугарзимот
Резолуција на Коминтерната од 1934 година зазема едно од главните места во иделогјата на Иван Михајлов, неговите приврзаници и другите големобугарски кругови по Втората светска војна. По војната главна преокупација на Михајлов е целосно негирање на Македонската нација, меѓу другото тој истакнува: Маневрирање со "македонската нација", токму затоа е измислена од Белград, за да може преку оваа измама Македонија да остане во Југославија (Вардарска Македонија). А потоа преку оваа лага да може да ја грабне Пиринска и јужна Македонија. [10]. Резолуцијата се користи како аргумент дека Македонската нација е вештачки создадена од страна на Коминтерната и Сталин [11][12]. Истата дијалектика се користи од приврзаниците на ВМРО-БНД и Здружението „Радко“ [13].
Извори
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads