Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) — македонски национален деец, поет, раскажувач и публицист.
Стихотворбата „Ѕвезда“ (На Јане Сандански), со белешки од Никола Вапцаров
Роден е на 15 декември1910 година во Сер, денес во егејскиот дел на Македонија, но уште како дете бил принуден да се пресели во Бугарија, каде го поминал животот. Дипломирал на Правниот факултет во Софија и долги години работел како адвокат, а бил и судија. Неговата адвокатска канцеларија во Софија брзо станала собиралиште на други македонски доселеници.
Во 1931 година, тој станал член на ВМРО (Обединета). Во 1932 година, тој станал член на ЦК на ВМРО (Об.), а во 1934 година, тој бил избран за секретар за агитација и пропаганда.
Сматракалев бил особено близок со Никола Вапцаров и неговото семејство. Кога овој ја објавил својата стихозбирка „Моторни песни“, Сматракалев бил единствениот што објавил критички осврт на новоиздаденото дело.
На забелешките на неговите противници дека многумина револуционери велеле дека се Бугари, Сматракалев ќе одговорил: Претставете си една картонска кутија на која пишува ’Бугарин‘, а што има во кутијата не ве интересира. Ние, за разлика од вас, го фрламе картонот и се интересираме за суштината што е во него. Не гледаме што пишува на капакот од сандакот, туку го отвораме и внимаваме што има внатре.[3]
Remove ads
Творештво
Весникот "Македонско знаме" (од 23 јули 1945) со страница посветена на тројцата Македонциː Антон Попов, Никола Вапцаров и Атанас Романов. Автор на статијата е Михаил Сматракалев„Бура над родината“ (стихозбирка, Софија, 1936)
„Македонскиот литературен кружок“ (студија, Скопје, 1993)
„Модрите широчини на татковината“ (поезија, раскази, критички огледи и записи, Скопје, 1994)