Реинилдо Мандава

фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Реинилдо Мандава
Remove ads

Реинилдо Иснард Мандава (роден на 21 јануари 1994 година, во Беира) — мозамбикански фудбалер, играч од одбраната на Атлетико Мадрид и на мозамбиканската репрезентација.

Кратки факти Реинилдо Мандава, Лични податоци ...
Remove ads

Технички карактеристики

Лев бек, добар во маркирањето на противниците, кому посилната страна му е одбранбената фаза.[1] Важи за играч кој не се плаши да влегува во дуели благодарение на добрата физичка градба.[2]

Клупска кариера

Роден во Беира, Мозамбик, Мандава ја започнал својата фудбалска кариера во татковината играјќи за екипите на Феровиарио да Беира и ГД Мапуто. Во декември 2015 година, тој потпишал за португалскиот клуб Бенфика[3] и бил приклучен да игра за нивниот резервен тим. Во јуни 2017 година, тој бил позајмен на Ковиља во втората португалска лига за една сезона.[4]

Во летото 2018 година, тој се преселил во Белененсеш,[5] клуб со кој дебитирал во Примеира лигата, најсилна фудбалска дивизија на Португалија. После само 16 натпревари за Белененсеш во португалското првенство, во јануари 2019 година, тој заминал во францускиот клуб Лил на заем за кој мастифите платиле околу 3 милиони евра со можност да го откупат целосно играчот на крајот од сезоната. На 31 мај 2019 година, било потврдено дека Лил целосно го откупил Мандава од Белененсеш.[6]

На 31 јануари 2022 година, Мандава потпишал три ипол годишен договор со шпанскиот клуб Атлетико Мадрид.[7]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Своето деби за репрезентацијата на Мозамбик го имал во 2013 година, во натпревар против Есватини.

Во 2023 година, тој бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации, каде постигнал и гол во ремито 2-2 против Гана во последниот натпревар од групата после кој мозамбиканците го завршиле своето учество на турнирот како последни во групата со два освоени бода.[8]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Мозамбик, Дата ...
Remove ads

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 6 јуни 2023.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Титули

Франција Лил

2020–2021
  • Суперкуп на Франција Суперкуп на Франција : 1
2021

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads