Рекниц

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рекницmap
Remove ads

Рекниц (германски: Recknitz) — река во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во североисточна Германија. ледничката долина на Рекниц се протега далеку на југ до Глазевиц близу Гистров. Реката нема определен извор, туку потекнува од неколку потоци и извори. Потоците Шалбеке и Плудербах се делат помеѓу Лисов и Лаге, но поголемиот дел од водата тече северно како Рекниц, додека помал дел, наречен Ауграбен тече јужно до реката Небел.

Кратки факти Место, Должина ...

Долниот дел на Рекниц (од Рибниц-Дамгартен до Бад Зилце) — историската граница помеѓу Мекленбург и Западна Померанија. Меѓутоа, денес е само граница помеѓу Евангелистичко-лутеранската црква на Мекленбург и Померанската евангелистичка црква.

Започнувајќи кај Тесин, Рекниц е пловна со кану во текот на целата година. Во изминатите неколку години се преземени бројни мерки долж текот на реката за враќање на природната околина, правејќи го пејзажот попривлечен за луѓето. Три дела на реката претставуваат заштитени природни области.

Рекниц се влева во Залскиот Залив, крајбрежни води на Балтичкото Море близу Рибниц-Дамгартен.

Во октомври 955, во близина на реката се случила познатата Битка на Рекниц (Schlacht an der Raxa) помеѓу германската (Саксонци и Фризи) војска на царот Отон I Велики предводен од Геро Велики и Ободритите и другите Полапски Словени со водство на принцот Стогнев, брат на принцот Након.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads