Договор за повторен откуп

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Договорот за повторен откуп, популарно наречен Репо (англиски: Repurchase Agreement, Repo), претставува инструмент на пазарот на пари со кој се позајмува одреден износ на пари, при што како обезбедување се даваат одредени хартии од вредност. Набљудувано формално-правно, репото претставува договор за сегашна продажба на хартии од вредност со обврска за нивно повторно купување на некој иден датум по однапред договорна цена. Доколку, пак, се работи за договор за сегашно купување на хартии од вредност со обврска за нивна повторна продажба во иднина, тој се нарекува спротивен репо (reverse repo). Според тоа, секој репо-договор претставува комбинација на две трансакции: сегашна купопродажба на хартии од вредност и нивна повторна купопродажба во иднина. Притоа, секоја репо-трансакција во исто време вклучува обична и спротивна репо-трансакција, во зависност од тоа дали се набљудува од страна на должникот или доверителот.

Remove ads

Репо-договорот и пазарот на пари

Независно од правното дефинирање, репо-договорот претставува еден вид обезбеден кредит, каде што продавачот на хартиите од вредност всушност позајмува парични средства од купувачот, давајќи ги хартиите од вредност како обезбедување на кредитот. Оттука, имајќи предвид дека кредитот е обезбеден со хартии од вредност, репо-договорот претставува погоден инструмент за кусорочно финансирање по пониска цена во споредба со другите извори на финансирање.

Репо-договорите се склучуваат со рокови на достасување од еден ден (overnight RPs) до една година (term RPs), иако најчесто рокот на достасувањето не преминува шест месеци. Каматните стапки и цените по кои се купуваат/продаваат хартиите од вредност се договараат меѓу двете страни посебно за секоја трансакција, а каматните стапки се пресметуваат и се објавуваат во форма на дисконтни приноси. Во развиените земји, пазарот на репо-трансакции е многу голем, а како инвеститори најмногу се јавуваат помалите банки, коишто вообичаено имаат поголеми износи на слободни средства над нивото на задолжителната резерва. Имајќи предвид дека кај овие договори заемите се обезбедени со безризични хартии од вредност, каматните стапки се пониски во споредба со тргувањето со жирални пари заради понискиот кредитен ризик.[1]

Цената на репото е разлика помеѓу цената според која се извршува трансакцијата на датумот на купување и цената според која ќе се изврши идната трансакција на реоткуп. Притоа, цената по која се спроведува сегашната трансакција е условена од пазарната цена и процентот на покритие:

КЦ = (Н х ПЦ) / (1+П)

каде: КЦ е куповната цена по која се купуваат хартиите од вредност; Н ја претставува номиналната цена на хартиите од вредност; ПЦ е цената на повторниот откуп за која двете договорни страни меѓусебно ќе се договорат; П е процентот на покритие.

Процентот на покритие се користи како заштита од евентуални негативни промени на цените на хартиите од вредност за време на траењето на репо-договорот. Ако на пазарот преовладуваат високи флуктуации на цените на хартиите од вредност, може да се случи процентот на покритие да не е доволна заштита. Во тој случај, двете страни може да се договорат трансакцијата да се следи на дневна основа, во согласност со пазарните цени на хартиите од вредност, при што, страната која е изложена може да побара од другата страна дополнителен пренос на хартии од вредност или уплата на дополнителни парични средства.

Реоткупната цена на одреден ден е еднаква на збирот на куповната цена и разликата во цени, пресметана на тој ден. Разликата во цени се утврдува на било кој ден од времетраењето на трансакцијата, со примена на репо-каматна стапка на куповната цена за календарски број денови од датумот на купување (вклучуваќи го и тој датум) до датумот на пресметување, или до датумот на реоткуп (исклучувајќи го тој датум), врз основа на 360 денови во годината, со примена на пропорционалниот метод на пресметка.

Remove ads

Репо-трансакциите во Македонија

Репо-трансакциите во Македонија се воведени во 2005 година.[2] Проектот за воведување на репото во Македонија започна со донесување правила за функционирање на пазарите преку шалтер и воспоставување инфраструктура за порамнување на трансакциите.[3][4][5][6] Притоа, предмет на репо-договорот може да бидат следниве хартии од вредност: благајнички записи, државни записи, комерцијални записи, депозитни сертификати и државни обврзници.

Репо-пазарот во Македонија е во зародиш и се сведува на спроведување на репо–трансакции за монетарни операции. Народната банка на Македонија ги спроведува репо-трансакциите согласно проекцијата на монетарната политика, краткорочните ликвидносни проекции за потребната маса на примарни пари и движењата на финансиските пазари. НБМ ги применува инструментите интрадневен кредит и расположлив кредит преку ноќ во вид на репо-трансакции.[7][8] Како инструмент за обезбедување на интрадневниот кредит се користат благајничките записи и државните записи.[9] Процентот на покритие што го бара НБМ за одобрениот кредит зависи од преостанатиот рок на достасување на хартиите од вредност што служат како покритие, и тоа:[10]

  • 1,25% за хартии од вредност со рок на достасување до 1 месец,
  • 2,5% за хартии од вредност со рок на достасување од 1 до 2 месеца,
  • 3,75% за хартии од вредност со рок на достасување од 2 до 3 месеци,
  • 5% за хартии од вредност со рок на достасување од 3 до 4 месеци,
  • 6,25% за хартии од вредност со рок на достасување од 4 до 5 месеци,
  • 7,5% за хартии од вредност со рок на достасување од 5 до 6 месеци,
  • 8,75% за хартии од вредност со рок на достасување од 6 до 7 месеци,
  • 10% за хартии од вредност со рок на достасување од 7 до 8 месеци,
  • 11,25% за хартии од вредност со рок на достасување од 8 до 9 месеци,
  • 12,5% за хартии од вредност со рок на достасување од 9 до 10 месеци,
  • 13,75% за хартии од вредност со рок на достасување од 10 до 11 месеци,
  • 15% за хартии од вредност со рок на достасување од 11 до 12 месеци.

Номиналната вредност на хартиите од вредност кои служат како обезбедување на одобрените парични средства се пресметува по следната формула:

НВ = К х (1+ П/100)

каде што: НВ е номиналниот износ на хартиите од вредност што служат како обезбедување, К е износот на одобрениот кредит, а П е процентот на покритие.

Во меѓубанкарските трансакции, репо-трансакциите досега не се користени. Како главни причини поради кои репо-трансакциите не се применуваат помеѓу банките се: недоволна развиеност на секундарниот пазар на хартии од вредност, недостиг на искуство во делот на порамнувањето, сметководствениот третман на репо-трансакциите.

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads