Република Алтај

From Wikipedia, the free encyclopedia

Република Алтај
Remove ads

Алтај (рус. Республика Алтай) е автономна република во составот на Руската Федерација. Има површина од 92.600 км2. Има 202.947 жители. Се наоѓа во самиот центар на Азија, каде се спојуваат руската тајга, степите на Казахстан и полупустините на Монголија. Главен град е Горно Алтајск.

Ова е статија за руска република. За други значења, погл. Алтај (појаснување).
Повеќе информации Республика АлтайАлтай Республика Република Алтај Знамето на Алтај Грбот на Алтај Знаме Грб, Положба во Русиј ...
Thumb
Главниот град Горно Алтајск
Thumb
Панорама на реката Катун

Шумите покриваат 25% од територијата. Најголеми реки се Катун и Бија. Постојат повеќе од 7.000 езера со вкупна површина од 700 км2. Најголемо е езерото Телецкое, кое е долго 80 километри и 5 километри широко. Најголема длабочина на тоа езеро е 325 метри. Републиката се наоѓа точно внатре во планинскиот систем Алтај. Постојат минерални извори во планинитe Алтај. На Алтај се наоѓаат и многу ледници. Што се однесува на рудното богатство, Република Алтај располага со злато, сребро, литиум, железна руда. На пониските предели климата е умерено континентална.

Thumb
Remove ads

Население

Thumb
Традиционална женска народна носија

Населението во републиката чини 203,900 жители. (2005). Густината на населението е: 2,2 жит./км2 (2005), уделот на градското население е: 25,9 % (2005). Според пописот во 2002 во Алтај живеат следниве народи:

Повеќе информации Народ, Население, илјади.жит. ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads