Референдум во Општина Валандово (2017)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Референдум во Општина Валандово (2017) — референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Валандово на 20 август 2017 година.[2].
Првично, Советот на Општина Валандово ја отфрлил иницијативата на граѓаните за распишување референдум, по што граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ пристапила кон собирање на потписи од граѓаните за распишување локален референдум.[3] Потребните потписи за распишување референдум биле успешно собрани,[4] по што Советот на општината распишал референдум за 20 август.[5]
Согласно одлуката на советниците, за одржување на референдумот биле обезбедени милион и 200 илјади денари од буџетот на Општина Валандово.[6]
Овој референдум бил неуспешен поради тоа што не гласале повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани гласачи.[7]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads