Рибар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рибар,[1][2] риболовец[3][4] или влакар[5][6] — лице што се занимава со риболов, односно фаќа риби и други организми што живеат во вода. Рибарите можат да ја вршат својата работа професионално или рекреативно.

Во македонскиот јазик, рибар вообичаено се користи за лицата што професионално се занимаваат со риболов, а риболовец за рекреативците. Влакарите, пак, се рибарите што ловат риби со влак (мрежа на влечење).
Дури и во мезолитот, луѓето фаќале риба за да се прехранат.[7]
Remove ads
Риболовот како тема во уметноста и во популарната култура
- „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.[8]
- „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.[9]
- „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.[10]
- „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.[11]
- „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[12]
- „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[13]
- „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.[14]
- „Рибарска“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[15]
- „Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.[16]
- „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.[17]
- „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[18]
- „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.[19]
- „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година.[19]
- „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[20]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads