Рикардо Маниеро

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рикардо Маниеро
Remove ads

Рикардо Маниеро (роден на 26 ноември 1987 година во Неапол) — италијански фудбалер, напаѓач, кој во моментов игра за Пескара во италијанската Серија А. Тој ја започнал својата кариера во младинскиот тим на Јувентус, а во 2006-тата е промовиран во Примавера. Во тој момент игра со многу талентирани играчи во тимот како:Себастијан Џовинко, Клаудио Маркизио, Паоло де Чеље, Доменико Крисито, Давид Ланзафаме и др. Силната конкуренција не му дозволува да одигра ниту еден натпревар за првиот тим на Јувентус, па тој е пратен на четири позајмици во долните лиги во Италија.

Кратки факти Рикардо Маниеро Riccardo Maniero, Лични податоци ...

Во 2010 Маниеро потпиша стален договор со екипата на Пескара во летото 2010-тата година. Во првата сезона тој одигра 26 натпревари и постигна 3 гола во Серија Б. Во втората сезона Маниеро беше во сенка на двојката во нападот Имобиле-Инсиње која заедно постигна 46 погодоци во лигата. Сепак Маниеро, постигна 4 гола во оваа сезона меѓу кој и одлучувачкиот во последното коло против екипата на Ночерина во 92-ата минута од мечот што заврши 1-0 за Пескара. Со овој негов гол Пескара го освои првото место во Серија Б во сезоната 2011-2012 и по цели 20 години се врати во Серија А.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads