Младински сектор на ФК Јувентус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Младински сектор на ФК Јувентус (познат уште како Јувентус Примавера) — претставува младинскиот систем на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус.[1] Младинскиот сектор на клубот е составен од различни тимови поделени по возрасни групи. Повеќето од тимовите тренираат на поранешниот главен полигон на првиот тим, Тренинг центарот на Јувентус, лоциран во селото Виново (14 км југозападно од Торино).[2]
Младинскиот сектор е поделен на 11 екипи: „Примавера“ (под 20 години), „Алиеви“ (под 17), под 16, под 15, „Есордиенти“ (под 13), под 12, „Пулчини“ (под 11), под 10, под 9, под 8 и под 7 години. Во 2018 година, Јувентус го формирал својот резервен тим (под 23 години), кој се натпреварува во сениорскиот првенствен систем.[3]
Remove ads
Примавера (под 20 години)
Примавера е главната екипа во младинскиот сектор на Јувентус и тука играат најталентираните играчи во младинските категории на клубот. Почнувајќи од сезоната 2012-2013, право научество во Примавера тимот имаат сите играчи кои се на возраст од 15 до под 19 години.[4] Секоја сезона, во Примавера тимот шанса за проверка добиваат многу млади играчи од Италија и од странство кој доаѓаат на проби во Јувентус и оттаму ја бараат шансата за настап во првиот тим.
Тимот се натпреварува во Кампионато Примавера 1. Досега тие освоиле четири титули во првенството,[5] три во Примавера Купот на Италија и три Примавера Суперкупа.[6] Тимот, исто така, се натпреварува на Турнирот во Вијареџо, каде доега има 9 рекордни титули, колку што има и Милан.
Во 2007 година, тимот на Јувентус до 19 години завршил како второпласиран во инаугуративното издание на Младинскиот куп на шампиони во Малезија, наменет да биде Светско клупско првенство организирано од Г-14;[7] тимот ја претставувал најдобрата одбрана на турнирот со само два примени гола во шест натпревари.[7] Во Младинската лига на УЕФА 2021-2022, Јувентус бил елиминиран по изведување на пенали од Бенфика во полуфиналето, што е нивниот најдобар пласман досега во натпреварувањето.[8]
Играчи
Моментален состав
Играчи кои играле за Примавера
- Обновено на 1 јуни 2024

Следува список на играчи кои играле во Примавера тимот на Јувентус и ја претставувале својата земја на репрезентативно ниво.[9] Играчите во болд моментално играат за Јувентус.
|
|
|
|
|
Тренери
Тренери на Јувентус Примавера
|

Моментален тренерски штаб
Last updated: 24 јули 2025
Source: Juventus.com
Титули

Национални
- Кампионато Примавера : 4
- 1962-1963, 1971–1972, 1993–1994, 2005–2006
- Примавера куп : 4
- 1994-1995, 2003–2004, 2006–2007, 2012-2013
- Примавера Суперкуп : 3 (рекорд)
- 2006, 2007, 2013
Меѓународни
- Турнир Вијареџо : 9 (рекорд)
- 1961, 1994, 2003, 2004, 2005, 2009, 2010, 2012, 2016
Remove ads
Алиеви (под 17 години)
Алиеви тимот го претставува Јувентус во возрасната категорија под 17 години. Хиерархиски тоа е второто највисоко ниво во младинскиот погон на Јувентус, зад Примавера тимот, а се наоѓа пред тимот под 16 години и сите останати што следуваат после него. Се натпреварува во Национално првенство под 17 години.
Досега Алиеви тимот еднаш бил шампион на Италија во нивната возрасна категорија, во сезоната 2005-2006, кога во финалето ја победиле Фјорентина по изведување пенали. Покрај тоа, тимот бил крунисан за победник на меѓународниот турнир Маџони-Риги 5 пати, што е повеќе од кој било друг клуб,[10] и го држи рекордот на настапи во тоа натпреварување со 24.[11]
Моментален состав
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads