Ристиќева палата

градба во Скопје, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ристиќева палата
Remove ads

Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ.[1] Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје, Македонија. Една е од ретките згради што во земјотресот во 1963 година не била оштетена.[2]

Thumb
Ристиќевата палата
Thumb
Поплава од 1962 во Скопје, место: хотел „Македонија“ и Ристиќева палата

Историја

Изградена е во 1926 година од страна на фармацевтот Владислав Ристиќ, неговото семејство било по потекло од Тетово. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови.[3][4]

Архитектонскиот дизајн на зградата е на Драгутин Маслаќ, а Драгутин Станковиќ го изработил вајарскиот аспект на зградата.[4]

Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963, кога речиси 70% од зградите во градот се уништени. Кога е градена оваа зграда, дизајнерите и архитектот биле свесни за сеизмичките услови, така што презеле соодветни мерки при градењето.[3]

Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads