Ристо Калчевски

македонски сликар и универзитетски професор From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ристо Калчевски (29 април 1933 во Прилеп7 август 1989 во Скопје) — македонски сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство.[1]

Кратки факти Ристо Калчевски, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1953 година. Членувал во групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Љубљана, Париз и Крањ.

Стил

Уште во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи („Фигури во зелено“, 1959), кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави („Пареа“, 1961).

Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот. Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads