Ристо Самарџиев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ристо Самарџиев (р. 17 август 1964 во Скопје[1]) — македонски пејач и текстописец[2].
Remove ads
Животопис
Ристо Самарџиев ја започнал својата музичка кариера кога имал 16 години. Тој бил еден од основачите на музичката група Цилиндар во 1981 година[3][4], која била една од првите рок њу-вејв бендови во Македонија. Тој исто така бил фронтмен на групата Хаос ин Лаос[5]. Во 1987 година бил поканет да настапи на Макфест, најголемиот музички фестивал во земјата. Песната што ја извел, „Чили Вили“ потоа станала хит во Македонија[6]. По тој настап продолжил да работи самостојно, да се појавува на фестивалите[7], а потоа станал и вокалист на Меморија.[8] Тој го има освоено четири пати првото место на Макфест како изведувач[9], а исто така напишал и песни за други пејачи[10]. Во 2009 година победил на Охридскиот фестивал во дует со Влатко Илиевски со песната под наслов „За љубов се пее крај“[11]. Тој, исто така, учествувал повеќепати на македонските национални избори за натпреварот за песна на Евровизија[12].
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads