Рихард Јакопич

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рихард Јакопич
Remove ads

Рихард Јакопич (12 април 1869 , Краково - 21 април 1943 , Љубљана) — словенечки импресионистички сликар.

Кратки факти Роден, Починал ...

Тој беше водечки словенечки импресионист, покровител на уметноста и теоретичар. Заедно со Матеј Стерн, Матија Јама и Иван Грохар, тој бил за пионер на словенечкото импресионистичко сликарство[1].

Remove ads

Животопис

Thumb
Рихард Јакопич - „Зима“

Ријард Јакопич е роден во Краково, предградие на Љубљана. Неговиот татко, Франк Јакопич, бил трговец со земјоделски добра. Рихард бил најмладиот од осумте деца.

Јакопич студирал на Академија за ликовни уметности Виена, за кратко време се врати дома поради болест, а потоа ги продолжи студиите во 1889 година, на Академија за ликовни уметности во Минхен а во 1890 година, во ателјето на Антон Ажбе - Уметничко училиште во Минхен. Потоа живеел во Љубљана, каде учествувал во основањето на словенечкото уметничко друштво, а по 1902 година во Шкофја Лока. Во 1903 година, тој ги продолжил студиите на Академијата за ликовни уметности во Прага. Во Љуљана, Јакопич ја основал словенечката школа за импресионистичко цртање и сликарство, претходник на Академија за ликовни уметности на Универзитетот во Љуљана. Тој бил иницијатор за основањето на Националната галерија на Словенија[2].

Thumb
Сончев рид

Јакопич е еден од најзначајните сликари на европскиот импресионизмот. Неговата специфична ликовна и колористичка постапка се од исклучително значење за идните ликовни уметници, заради слободата на потезот, колористичката хармонија и специфичната композиција.

Денес, неговите дела, заедно со останатите дела на словенечките импресионисти се главните експонати во Народната галерија во Љубљана, слики кои ја докажуваат европската позиција на словенечкиот импресионизам, поставен во највисоки рамки.[3]

Remove ads

Поважни дела

Thumb
Зелениот превез
  • „Сончев рид“ (1903), Национална галерија, Љубљана
  • „Брези во есен“ (1903), Национална галерија, Љубљана
  • „Камнитник во снег“ (1903), Национална галерија, Љубљана
  • „Зима“ (1904), Национална галерија, Љубљана
  • „Покрај светилката“' (1904), Национална галерија, Љубљана
  • „Студија за сонцето“(1905), Национална галерија, Љубљана
  • „Крижанки“ (1909), Национална галерија, Љубљана
  • „Спомени“ (1912), Национална галерија, Љубљана
  • „Зелениот превез“ (1915), Национална галерија, Љубљана
  • „Вечер на реката Сава“ (1926), Национална галерија, Љубљана
  • „Слеп човек “' (1926), Национална галерија, Љубљана
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads