Ријалто (мост)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ријалто (мост)map
Remove ads

Мостот Ријалто (италијански: Ponte di Rialto, венецијански: Ponte de Rialto) — најстариот од четирите мостови кои се наоѓаат на Големиот канал во Венеција, Италија. Изграден е помеѓу 1588 и 1591 година. Мостот е еден од важните симболи на Венеција.

Кратки факти Ријалто Ponte di Rialto, Координати ...
Remove ads

Историја

Thumb
Ријалто

Првиот сув премин на Големиот канал бил понтонски мост изграден во 1181 година од Николо Баратиери. Тој бил наречен Понте дела Монета[2].

Развојот и важноста на пазарот Ријалто на источната страна го зголемил сообраќајот на мостот, кој бил заменет во 1255 година со дрвен мост. Оваа структура имала две наклонети рампи со подвижен централен дел и кој можел да се подигне за да се овозможи поминување на високи бродови. Врската со пазарот на крајот довело до промена на името на мостот. Во текот на првата половина на 15 век, по должината на страните на мостот биле изградени два реда продавници. Ов донело приход во државната каса, што помогнало да се одржи мостот.

Одржувањето било од витално значење за дрвениот мост. Тој бил делумно изгорен во револтот предводен од Бајмонте Типоло во 1310 година. Во 1444 година, мостот се срушил поради тежината на толпата што ја гледала парадата на чамците и повторно се срушил и во 1524 година.

Идејата за обнова на мостот но овој пат со употреба на камен најпрво била предложена во 1503 година. Неколку проекти биле разгледани во наредните децении. Во 1551 година, властите побарале предлози за обновување на мостот Ријалто. Плановите биле понудени од познати архитекти, како што се Јакопо Сансовино, Андреја Паладио и Џакомо Бароци да Вињола, но сите предложиле класичен пристап со неколку сводови, што било оценето како несоодветно за ситуацијата. Микеланџело, исто така, се сметал за дизајнер на мостот.

Овој камен мост, единствен распоред дизајниран од Антонио да Понте, конечно бил завршен во 1591 година. Сличен бил на дрвениот мост што претходно постоел. Две наклонети рампи доведуваат до централен трем. На двете страни од тремот, покриените рампи носат редови на продавници.

Денес мостот е една од врвните туристички атракции во Венеција[3].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads