1503
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1503 (MDIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1503 година од новата ера, 503. од вториот милениум, 3. од XVI век и четвртта од 1500-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7011 и 7012 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6253 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5263 и 5264 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2256.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1503 година се протега во 4139 и 4140, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4199 и 4200 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2046. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 908 и 909 исламска година.
Remove ads
Настани
- 21 април - Битка кај Церињола. Арагонските сили предводени од Гонсало Фернандес де Кордоба ги победуваат Французите под Гроф де Немур, кој е убиен. Се смета за прва битка добиена со мало барутно оружје.
- 22 септември - избран е новиот папа Пиј III, кој набрзо (на 18 октомври), умира.
- 29 декември - Шпанија го освојува кралството Неапол.
- Леонардо да Винчи започнува да работи на Мона Лиза.
- Во Вестминстерската Опатија додадена е капелата на Хенри VII.
Remove ads
Родени
- 11 јануари - Пармиџанино, италијански сликар
- 17 ноември - Ањоло ди Козима, италијански сликар и поет
- 14 декември - Нострадамус, француски лекар и пророк
- Гарсиласо де ла Вега, шпански поет
Починале
- 18 август - Папата Александар VI, од маларија
- 28 декември - Пјеро ди Лоренцо де'Медичи, владетел на Фиренца
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
